Здраво , вака сеа не знам дали темата е за овде ама еве да прашам заинтересиран сум за студирање на информатика (програмерство) е сега имам дилема дали на УГД или на ФИНКИ , некој што има искуство со УГД да препорача смер сличен на ПИТ прифаќам секаква препорака - Исто така дали се учи се од почеток , бидејќи сите знаете во средно какви професори имаме кадарот не е нешто нај нај...
Здраво, јас имам едно прашање во врска со Префрлувањето на друг факултет. Студирам во Скопје, но сакам да се префрлам во Штип. Е сега бидејќи цел септември ни е сесијата, не сакам да ја испуштам, планирам да положам уште нешто и не знам дали ќе ме примат покасно, ми е страв ако се пријавам сега пример електронски во Штип, дали ќе ме префрлат за 2 3 недела, па ќе немам можност за да полагам .. Поздрав
https://life.ugd.edu.mk/index.php/ugd-zivot-life/item/2172-prefrli-se-na-ugd Види си тука. Пиши и на Ампова мејл. Не може никој со сигурност да ти каже освен неа.
Ме интересира нешто за тие од УГД на општа медицина. На пример во прва паѓање анатомија 1/2, хемија, дали втора година немате ич право да слушате анатомија 3 и биохемија или смеете да ги упишете, но испит не смеете да полагате додека не ги положите овие од прва година. Дали вистина имате 5-7 предмети помалку од у Скопје вкупно (кај нас се 70тина, кај вас 64-5 биле ми рекоа) и дали анатомија нема лешеви вистински туку се полага на кукла? Нешто сум слушнала од 3то лице што кажало на некого, нешто што ми кажувале директ мене ама некако не ми се верува дека е толку различно од кај нас навистина па ме занима дали се само шпекулации.
Имаме право да ги слушаме тие предмети и да полагаме колоквиуми но немаме право да полагаме испит. На пример ако се нема положено анатомија 2, анатомија 3 може да се слуша и да се брка услов за испит но не може да се полага испит за тројката се додека не се положи условот т.е. двојката. Врска немам колку предмети имате вие, ние имаме точно 70 без шеста. Да. Не знам како стоиш со предмети и услови и како е на УКИМ но од мене совет ти е да ги исчистиш Физиологија 1/2 и Патофизиологија 1/2 доколку можеш бидејќи се многу заебани овие предмети кај нас и доста колеги ги влечат со години.
И јас исто се префрлам од Скопје во Штип, и ми кажаа дека префрлувањето е до 15ти септември. Мој совет ако можиш некако порано од 15ти бидејќи јас на 28.07 испратив барање во Штип и уверение за положени испити, а ми рекоа дека одговор за тоа кои испити ќе ми бидат признаени ќе ми дадат на 10ти август . Јас се префрлам од медицина, можеби зависи и тоа на кој смер се префрлуваш, Прашај ја Христина Ампова на mail за други податоци. Поздрав и со среќа
Секаде има предности и маани. И јас мислсм дека згрешив што се запишав Скопје. Ама не можи да направи споредба некој што бил само на едно место и што знае како е само на едниот факултет, како на пример јас што знам само за Скопје и вие што знаете само за Штип. Друго е кажување како е да си дел а друго е да СИ дел од факултетот. Тоа каде е подобро ќе знам другата година јас како студент и на двата универзитети Да не се разбериме погрешно не ми е целта да навредам ама реално е така.
Членката што пишала дека срцето ја боле пишуваше по други теми дека фаќала врски за да помине испит. Тоа е, некои немаат такви врски па ќе се префрлуваат. Не дека идат од Оскфорд. На листата прв е УКИМ, втор е УГД. Чил малку.
Спремам дипломска за следен месец, а сум студирала и во Бугарија и можам да кажам факултетот во Штип е 0 и е најкорумпиран универзитет у државава. Да пишувам негативни страни ќе треба до утре да седам со телефонот во рака. Ти веројатно си шрипјанка по муабетот Оти само вие го величите а е испод.
Нема да коментирам за факултетот во Штип, ако треба нека ми се премести/избрише мислењето. Сакам само да напоменам дека членката тогаш искрено кажа дека не можела да положи задачи хемија бидејќи едноставно не и одело, паѓала повеќе пати, не дека не се трудела, едноставно не го бива секого за задачи. Не ја прави лош лекар ако не знае да реши задача по хемија. Секако, ако се друго си положила со труд.
Каде виде дека го величам де? Само тоа акање во гради не чини. Утре и доктор на УГД и тој на УКИМ ќе имаат исто звање. Дипмомата е таа. Иронично е да збориш за корупции и се тоа, а да си фаќаш врскички
Бесцелни се муабетиве за УГД вс УКИМ, милион пати правени и тоа обично од студенти или трети лица што врска немаат со медицина. Кога ќе се вработиш, дали тука дали на страна, никој нема да те замара на кој универзитет заврши, едино што може да се случи тука е ден-два да ти тераат мајтап и тоа е тоа. Абе ајде, сериозно? Не знам од каде да почнам да објаснувам зошто фаќање врски е екстремно негативна одлика.
Де де што муабети се ова за личност што учи на факултет што мисли дека е над сите. Што ароганција е оваа? Знаеш дека обично ароганцијата и глупавоста се блиски. Дај прибери се малку. И јас не сум најнај задоволен од УГД (таму завршив ама друга насока), ама дека другите се каде каде подобри, се сомневам.
Не,не, не оправдувам врски и ургенции, далеку од тоа. Ниту во училиште, а уште помалку на факултет. Само не сметам дека бидејќи не сфаќала задачи, и дека за тие 100 страни што побарала врски, ќе биде лош лекар девојчето.
Во однос на хемија, реално, се заборава не само хемија туку и голем дел од работите кои сега се бубаат од сите предмети така да не се сомневам дека членката ќе биде лош лекар стриктно поради тие задачи но фаќање врски е нешто што треба да е нечујно и да е за осуда и не треба да има никакво оправдување. Членката дури и има лице да обвинува за корупција! Искрено и се восхитувам на смелоста. Еве еден голем негативен ефект токму на оваа тема; има членови кои планираат да се префрлат на УГД не бидејќи се нешто помалку интелегентни од неа, но ете, тие немаат врски за хемија или анатомија или што ти знам. На УКИМ најзаебаната работа (и можеби најголема причина ако не и единствена за префрлување) е условот за 4та година каде што сите предклинички предмети треба да се положени. Хемија - предметот за кој членката фатила врски - е еден таков предмет и е услов за биохемија 1 и 2. Некој ќе остане на УКИМ додека некој ќе изгуби година и ќе се префрли.
Јас сакам да се префрлам бидејќи не можам да издржам веќе тука на УКИМ. Имам проблем со една професорка, еден предмет не можам 4 години да го положам а ми е услов и за други предмети, а исто така истата професорка ми предава и во следните години. Се чувствувам многу безнадежно, безвредно, бескорисно. Буквало го пеам материјалот, дома моите ме гледаат колку се трудам, читам исто така информации од интернет и се интересирам за мојата струка. Бев одлична ученичка во средно, сакам да читам литература, љубопитна сум, се интересирам за работите во светот. Познавам личности кои не знаеле да читат во средно и еве ќе завршат факултет, а јас тапкам во место. Ја немам и таа самодоверба, гордост која ја имав. Самиот предмет и професорката не ми даваат мотивација ни желба за учење. Пред полагање веќе знам дека таа ќе ми најде "влакно" за да ме изврти и со цел да ме падне на испитот. Положување испит кај неа буквално зависи дали таа е појадена, расположена и тоа како и тргнал денот. Никогаш немам препишувано или пак за нешто да ми замери. Немаме колоквиуми, немаме ни казнени сесии, секој испит ми е писмен па усен, доколку падниш усно- следна сесија повторно писмено полагање, сесијата ни е парна непарна или непарна парна, па сега ги воведоа и потписите, ако не се појавам 3 пати на презапишан предмет, немам можност за полагање, едноставно на факултетот немам капка надеж. Јас како студент веќе мотивацијата ми е 0. Не сакам откажување и не сакам да ми зборуваат и тоа "најблиските" другарки муабети од типот "полесно е во Штип", "Не си дала се од себе на факултетот", "Е брат зарем толку ли ти било тешко" бидејќи никој не знае како се полага кај нас. Буквално за еден предмет, го слушаат 30 студенти и на сесија еден или двајца ќе го положат, а некогаш и ниеден студент. Не ги сфаќам личностите кои се професори а се толку егоисти, арогантни, како да не полагале воопшто психологија. На филолошки сум, иако веќе ми тргна полагањето во 3та година, искрено, џабе се надевам само. Понекогаш ми е чудно за тоа колку треба знаење за 6ка?? А го пеам материјалот и вежбам дома во вежбанки и на интернет. Ги учам работите од корен. Не сакам парите да ги трошам цел живот на факултетот до 30тата година, да немам дечко, да немам деца, и да се нервирам само,, се надевам дека во Штип имаат конверзација со професорите, има професори кои бараат знаење, и немаат ваков карактер.
Во однос на медицинарите тука, знаете како е попозната болницата во Штип меѓу народот? - Касапница. Од професионална (не)грижа, до однос, хигиена, се'. Лично имав искуство за лекарска грешка која ми направи страшен хендикеп. Епа од таква толпа "професионалци", какви ученици треба да очекувам да излезат? Оставам простор да ми се докаже спротивното, ама тој е толку мал и циничен, што никогаш повторно не би сакала да го потврдам или негирам врз себе.
А да ве прашам нешто... Ако сметате дека знаете доволно, а некој професор 'намерно' ви прави проблеми и не ви пишува преодна оценка, нели имате право да полагате пред комисија?