Да, мислам дека можам. Но, професорите пак си се договараат меѓу себе, ако полагам пред комисија ваљда ќе имам проблеми и кај другите предмети кај другите професори.
Искрено ми е страв, затоа што не го знам "перфектно" германскиот, како родена германка, а професорките се перфекционисти.. Што сакаат ќе можат да ме прашат. Немам на пр. една книга и само од тој материјал да ме испрашуваат. Ако случајно не се префрлам, ќе размислам и за таа опција. Ништо нема да изгубам.
Нема никаков изговор за тоа што ти се случило. Но не кажуваш ништо ново. Ова не е локален проблем исклучително поврзан со штипската болница туку е на ниво на целата република од Дебар до Струмица, од Скопје до Битола. Сето ова е директен одраз на незаинтересираноста и неспособноста на сите влади од осамостојувањето до денес да се заинтересираат и да инвестираат во образованието и здравтството.
Зборуваш глобално и навредуваш огромна група на студенти кои студираат медицина за да утре се грижат за твоето и нашето здравје. Ако зборуваме така глобално,мене во болницата во Битола, со камења во жолчката и панкреатит ме пуштија дома без да ме прегледаат и веќе по 2 часа во бесвесна состојба од болка јас повторно се вратив на болница. Ме држеа 11 дена без храна и вода, само инфузија, не ми ставија сонда дури сами не побаравме и почнаа да ми откажуваат цревата. Не сакаа да ме оперираат лапараскопски оти "немале искуство". Тие беа доктори од Скопје.. Некои и од Белград. Дали јас спрема тоа треба да мислам дека сите доктори од Скопје и Белград се непрофесионалци? Индивидуално е. Многу сакам тоа луѓето да го разберат. Дека не знам за Штип, ама за Скопје можам да кажам дека има премногу луѓе со врски, и тоа не било какви туку такви врски што не мора ни да се појават на испит за да имаат 10ка.
@Perelex не е ништо ново, и лекарски грешки има насекаде, ама не може да ги има во секој еден оддел во една болница. Не смее да има неколку поединци кои си играат со човечки животи, не пак да се мнозинство. Тоа не е во ред, и не смее да се толерира. Било каде да се случува. Во Штип конкретно ова е проблем години наназад, и ситуацијата станува само полоша. Јас не навредив никој. Ниту пак покажав дисреспект спрема било кој студент. Тие самите треба да бидат свесни каква одоворност имаат, и знаат како и дали се сносат со истата. Како студенти, и подоцна како доктори. Додека апсолутно имам право да кажам кога лекар направи грешка, треба да има санкции и не смее да се толерира или да избега од одговорност. Можам и треба да го наречам непрофесионалец, оти он како индивидуа, наштетил на друга индивидуа. Или според тебе треба да му кажам "Браво докторе, одлично осакатување, кој е наредниот пациент на кој ќе му го направиш истото?" Ако ти си океј со односот со кој те третирале и третираат некаде, и толерираш- грешиш, али твое си е. Јас нема да го направам истото. И нема да го поддржувам. Секоја грешка носи последици со себе, и ако некој е неспособен за нешто, не треба да го работи тоа. Edit: Стварно ви е во ред да треба да сметате на "среќа' кога одите на лекар? Да ве прегледа некој кој навистина знае што прави, место некој што си игра доктор? Без да ви е грижа за последицита врз вашето здравје во случај "да немате среќа" и се погоди на смена некој што не знае да лекува?
Се согласувам со Вајлд, имаш право на комисиски испит. И таа професорка не смее да е во комисијата. Не мораш материјалот перфектно да го знаеш, за 10ка е перфектно, ти бараш пролаз, 6ка, да види дека знаеш и дека си го сфатила матетијалот е сосема доволно за минимум. Потоа нијанси одлучуваат.
Дада, јас не сакам оваа сесија да ја изгубам бидејќи и така сум заглавена, па треба да собирам документи да се замарам за префрлување, наместо да учам. Се уште размислувам, но тоа е најсоодветен начин дефинитивно, кога човек е научен си бара право и начин да положи. Подобро така да се борам до крај на фер начин,а и моите ми плаќале ќирија, сметки во Скопје, некако совеста ќе ме јаде ако се пропадне во вода.
Имаш апсолутно право да кажиш исто како мене, дека тие значи поединци се такви. Но, ти велиш какви ученици ќе излезат. Значи ги осудуваш и демотивираш уште не почнати дека и тие ќе бидат такви. Не ти е во ред реченицата, тоа е исто како ете некој судија според тебе лошо пресудил за нешто, и ти да речиш ех сега сите правници какви ќе бидат непрофесионални како него. Не ми е целта да се расправам, само дискутирам. Секој има право на мислење,ама ако еден е таков не значи дека сите се.
Велам каков е логичниот заклучок од такви непрофесионалци да излзат добри ученици, кои се во едно такво опкружување. Каков е? Ииии, реков дека исто оставам простор да ми го докажат спротивното. Значи, ниту осудувам, ниту демотивирам.
Мислам дека ситуацијата на штипската клиника е повеќе за некоја друга тема на пример со име "Здравството во Македонија". Состојбата во која се наоѓа клиниката е производ на целото наше опшество и не е уникатен сучај, напротив, ситуацијата е релативно иста и во другите градови особено во "внатрешноста" каде што одамна никој не вложува. Се ова е супер и се согласувам но реалноста е сосема друга, не само во здравството туку и во правосудството, образованието, приватниот сектор, полиција... листата е бесконечна. Играме со зборови сега? Океј не осудуваш туку наведуваш. А чим вадиш "логични заклучоци од непрофесионалци да излезат добри ученици", баш ме интересира твоето мислење на пример за медицинскиот факултет на УКИМ? Имаш идеја какви ""професионалци"" има на државна? Професионалци што не знаат да гледаат рентген, што не знаат крвна слика да прочитаат, што утињаат дијагнози секојдневно, што им умираат пациенти лево и десно. Или пак еве на економскиот факултет при УКИМ каде што со години професори бараа сексуални услуги од студенти, што ги тераат секоја година да им купуваат исти книги од неколку илјадарки, што ги осудија пред некој месец да лежат затвор. Дали се сомневаш во капацитетите на студентите што излегле од економски во изминатава декада? Или пак се сомневаш во студентите на правен кои биле учени од врни професори како Бучковски, Иванов, Фрчковски (кој си отиде во ФОН) и ред други професионалци со екстремно сомнително минато, минато кое вклучува висока корупција, обид за атентат и осуда за затвор (меѓу другото)?
Во неколку наврати се пишуваше за медициснкиот факултет тука, со тоа и за болниците, дури и на последните неколку страни, затоа и јас пишав тука. Има и друга тема во оваа категорија, дали и колку студентите на медицински го добиваат потребното знаење, ама сепак сметам дека мислењето не за таму, затоа што конкретно зборуваме за болница во Штип каде што има студенти кои одржуваат практика таму. Не играм никаква игра на зборови, освен што се трудам да ги користам најпрецизно за да доловам поента, ама тоа не го сметам за игра. Не знам зошто некој друг би. Во тој контекст, кога испаднаа студентите навредени- не, не навредив никој. Во цитираниот параграф, и после реченицата што си ја цитирал од истиот под парагрфот, кажав дека кога има толку неправилности во една институција, конкретно на локално ниво, неприфатливо е истото да продолжува и конечно треба да се превземе нешто за истото. Значи не цело здравство, макар што е очајно, исто како и образованието, и правосудството, и целиот систем, ама тука не зборуваме за нив. Конкретно зборувам(е) за одредена болница во случајов. Според сето тоа, кога во еден објект, институција, болница, уатевр, има толку грешки, уште еднаш, каков би бил логичкиот заклучокот за сите што се обучуваат/учат таму? Значи не скроз реален, туку последователниот? И уште еднаш, кажав дека нема сите да бидат такви. Сепак, и тој број кој ќе биде доволно совесен, ако не се смени нешто, има жанса да се слее со толпата кога- тогаш ако продолжи со работа таму. Грешам? Пак има навреда во текстот? Друго, за УКИМ, ништо не ми значи ни УКИМ, ни УГД. Ама во играта со бројки, во поголем (главен) град, со повеќе луѓе, со повеќе случаи, со повеќе стекнато искуство, со "подобри" услови и ресурси, би рекла дека грешките можат полесно да се забележат и потешко да се заташкаат. Тргајки го нашиот систем на страна, но и покрај него. Оти, нели, игра на бројки. Само што таа игра завршува кога на другиот крај застанува човек. Да сумирам, не го возвишувам УКИМ над УГД, ниту над некој друг универзитет, само повеќе искуство, повеќе луѓе и работа со нив= поголема подготвеност. Тоа не е измислено и докажано од мене.
Како треба да го сфатиме ова? Цитираниов дел никаде не го рече претходно, сега го измисли. Бидејќи Штип не живее во свој меур туку е дел од целото македонско опшество, бидејќи така функционира системот во Македонија, бидејќи не постои можност за санкција. Што ќе направи пациентот? Ќе се жали до шефот на одделението? До директорот? До Министерство? До суд? Најмногу што ќе постигне е да напише ФБ статус, да добие 500 лајка и ако има среќа да се најде некој совесен лекар што ќе превземе нешто или медиум кој ќе направи притисок. Да замислиме ситуација каде што во цела Македонија има правда и ред со исклучок на Штип; од Скопје ќе се пратеше инспекција, ќе се казнеа лекарите, некои можеби ќе изгубеа лиценца, ќе се пратеше тим од доктори/сестри од други градови за некој период, ќе се вработеа нови луѓе со проверено досие и ќе се средеше болницата. Арно ама реалноста не е таа. Ова да го слушнам од човек кој прв пат доаѓа во Македонија па да си речам океј, не знае човеков каде дошол, не знае како функционира системот кај нас. Не ме интересира твоето мислење за универзитетите ниту те прашав за нив, ме интересира дали го делиш мислењето со сите образовни институции во државава (специфично медицински, правен и економски на УКИМ) во врска со непрофесионалци и какви ученици очекуваш од нив. Какви ученици очекуваш од медицински, правен и економски?
Сфатете го како сакате, јас уште во првото мислење пишав дека оставам просотор некој да се докаже. Еве го: Што измислувам јас? Што не читаш ти? Или цитираш само одделни фрази меѓу параграфи за да доловиш сосема друга поента која ја нема. И, како не ме праша за мислење за универзитеите и факултетите? Дури и последниот параграф од последниот пост ти е обратно пропорционален и не јасен. "Не ме интересира твоето мислење за универзитетите ниту те прашав за нив, ме интересира дали го делиш мислењето со сите образовни институции во државава (специфично медицински, правен и економски на УКИМ) во врска со непрофесионалци и какви ученици очекуваш од нив. Какви ученици очекуваш од медицински, правен и економски?" Сега прашуваш, или не прашуваш? Од медицински очекувам профи лекари, од правен- профи правници и од економски- профи економости. Но нема сите да бидат профи, туку напротив, помлаку од нив ќе бидат во тој нависитина професионален кадар од својата област, поради многу причини. Околината, како најглавен фактор, потоа (не)знаење и (не)способност, и самиот систем. Сакаш да кажеш ментори кои прават грешки со страшни последици без да сносат санкции ќе обучат квалитетни кадри? Еве јас ова те прашувам, и со твојот одговор ќе ја завршам дискусијата.
Одлично го сфативме. Само доболдирај го и останатиот дел, перфектно ти ја доловува мислата. Што не ти е јасно тука да ти објаснам? Не ме интересира твоето генерално мислење за УКИМ/УГД/УКЛО/ДУТ туку какви очекуваш студентите на медицински, правен и економски при УКИМ, кои исто така имаат непрофесионалци за професори, да искочат? Ах двојни стандарди, очекувано. Не само тоа туку ти е и премногу наивно ама ај, не ти се мешам. За разлика од тебе, јас никаде не сум рекол ниту сум сакал да кажам такво нешто во нашава конверзација.
Дечко, смеша баби и жаби прво, а после изгледа и брзини. Али нема поента да правам муабет понатаму со тебе по темава, оти очигледно погодив нерв, а ти како што се пронајде, ќе излезе уште потешко да ти биде да ги одвоиш работите, субјективните од објективните. Кажав мислење, не навредив никој, и неикаде немам двојни стандарди. Но ти како што почна со "Жал ми е за тоа што ти се случило..." тип на коментари, види како завршуваш, прочитај си го последниот пост. Обратно ќе дојде. И дај размисли одраз на што е се' тоа, а?
Си студирала ли? Гледам дека добро размислуваш логички, баш онака како што (замислуваме) и треба да биде.. Јас ќе кажам мое мислење околу еден професор, се работи за овој факултет. Најпрво, на нашиот факултет доколку собериш чинам 51 или 61 како беше треба автоматски да добиеш 6ка, а тоа се добива преку колоквиуми, редовност, вежби, и семинарска... не е толку битно. Ги собрав поените и му викам дали може да ми ја пишите 6ка, не сакам да доаѓам на испит. -ААаа колега не може така кај мене, знам дека по правило така треба, ама ти ќе си доаѓаш на испит. И нормално ме туркаше доволно пати за да морам да пријавам комисиски и нормално тоа е поскапо. Си помислив во себе, сеа копиле едно гнасно шо играш со мене така, че видам шо оценка че ми пишиш пред комисија. Доаѓа денот за комисија оп сам доаѓа, со потпис од другите двајца професори демек присуствувале. И нормално на "стаклени" нозе одвај положив со 6ка.
Значи се' корумпирано и таму? Great, something new and different for us Снимајте, сликајте, протестирајте. Не сум студирала иначе.
Е добро де никој не ти го спори мислењето, што си толку дефанзивна? Ме интересираше дали имаш подеднакви стандарди за сите, го добив очекуваниот одговор и тоа е тоа.