Секогаш сум сакал еднаквост и правда, сум размислувал на тоа. Ама размислив, дека во наредните 2 години имав уште 5 предмети кај него, шо мислиш че бев завршен сега?
Абе види, надвор пишта вришта, внатре ко че дојди асистентот или професорот што сме нервозни и треба да исправаме криви дрини, први се да се "излижа". Фала богу, јас имам чиста совест и никогаш не сум молел за ништо, па си завршив навреме и меѓу првите 5 од вкупно 40тина што бевме студенти на катедрата.
Можете до утре да се препукувате. Ако студирате медицина, нема да ви бидат доволни ни материјалите од УКИМ ни од УГД. Потребно е постојано учење и усовршување. Тој што навистина сака да успее на таа сфера, ако смета дека не му е доволно знаењето кое што му го пружа факултетот, секогаш постои можност и самиот да се надоградува. Книги, видеа, атласи, семинари, пракса. На крај, кога ќе ви дојде пациент, нема да е важно на кој универзитет сте студирале, туку колку знаете да го применувате тоа што сте го научиле.
Апсолутно точно за сите факултети (не сакам кога се величи само медицината, иако сум медицинар), без разлика каде ќе завршиш, ако после тоа имаш знаење и истото го применуваш одлично во пракса, никој нема да те праша каде заврши и кој ти е просекот. Има успешни што пленат со знаење и неуспешни што завршиле само, и од УКИМ и од УКЛО и од УГД и ред други. Не е битен универзитетот, туку знаењето на човекот.
Ако го земаме тоа како критериум, прв треба да биде затворен медицински факултет Скопје и општо, во цела држава не треба да постои ваков факултет. Како ги поврзавте докторите од болница со факултетот не знам. Не чинат докторите на болница и не чини факултетот во тој град Тие што тогаш ве лечеле несоодветно, најверојатно се доктори кои завршиле на Уким, Белград или Бугарија, од Штип не се сигурно Јас сум бивши студент на уким, таму дипломирав и магистрирав и се по ред. Сега сум со поголемо животно искуство и можам само да ви кажам, најважно е после тоа каде ќе работиш и колку ќе се трудиш околу работата. Не е само заврши факс и се си знаеш. Дали некој ќе биде добар или "лош" доктор, дефинитивно не е одредено од тоа каде завршил, туку како завршил, што правел во текот на студирањето и најважно што правел откако завршил -учењето не завршува со завршување на фак, а за медицината пак, тек тогаш почнува.
Реално со оглед на ситуацијата би требало да има и октомвриска сесија бидејќи распоредот за полагање е секогаш збиен нема време да се полагаат повеке од два испита во една сесија, тоа се случи и минатата година.
Ме интересира дали некој досега полагал физички како се одвива и дали даваат друг датум за полагање или истиот ден кога се полага и онлајн?
Дали знае некој колку кошта магистратура на УГД со вкупно 4 семестри од кои последниот е магистерска?
Јас полагав физички еден испит во јуни,со маски полагавме а имаше и средство за дезинфекција така на влегување и излегување ги мачкавме рацете,па професорката таму цел амфитеатар го прскаше со средство за дезинфекција мораше да седеме оддалечени и такви глупости .
Да. Августовска е од 17ти до 28ми август и е дополнителна. Септемврски е некаде од 5ти септември мислам и е редовна.