Здраво луѓе сакам да ве прашам дали можеби сте информирани за факултет во скопје за шпедиција....На википедија пишуваше дека факултетов Гоце Делчев е дисперзиран и во Скопје. Дали е ова точно пошо не можам да најдам никакви податоци на интернет.
Сакам да се префрлам во Штип на општа, дали ги признаваат сите положени испити од Скопје? И дали има некој што е на општа во Штип?
Здраво! Има некој што студира информатика (компјутерски науки) 1-2-ра год? Се мислам за факултетов, имам познавања електро-информатика, средно образование тоа имам завршено, меѓутоа многу лошо ми иде математика(тапа). Дали воопшто може да се поминува годината ако не ти иде математика? Какви се професорите по тие предмети и колку се бара од студентот да знае? Благодарам.
Јас завршив смер информатика- компјутерско инженерство, имав многу математики, линеарна алгебра, алгебарски структури, математика1, математика2, веројатност и статистика. По мат1, мат2 и веројатност предава професорката Пачемска и е многу строга и многу бара знаење, еве сега во мај ја положив мат2 едвај некако, и јас сум слаба со математика многу но доколку навистина сакаш да се запишеш на информатика спреми се за многу учење.
Здраво. Јас сум студент на факултет за информатика ама дисперзирани во Скопје. Дали има некој од вас или знаете некој што може да ми даде потврда за пракса бидејќи ми требаат тие кредити за да запишам 3та година. Ако е потребно ќе платам секако разуна цена
Мехатроника на машински факултет при УГД има некој што студира? Квалитет на настава, критериуми на оценување? Има ли некој да сподели мислење/искуство?
Вежбите ќе бидат комбинирани, online онаму каде што може, и со физичко присуство. Се зависи од предметот и барањата за вежби.
А како ќе знаеме кои вежби и кога ќе бидат со присуство? Извинете јас мн прашвам ама дека се префрлам од Ск и ништо не знам како оди во Штип.
Се ќе биде објавено по ред на е учење. Ваљда околу први кога ќе се објават распоредите се ќе е објаснето.
Дали може некој да ми каже дали на е-библиотека има некој од учебниците за прв семестар општа медицина?
Ќе бидете известени од професорот и асистентот. Има време, се ќе биде објавено и на веб- на универзитетот.
Уфф прв семестар, тоа беше одамна. Мислам дека беше Цитологија од Невенка, тој е за Биологија ама имаше уште еден учебник, тој од книжара се зимаше. Биофизика ја има од Зденка, има два - еден од 2014 и од 2020, вајда новите генерации ќе учат од новиот. Мислам дека имаше и практикум по анатомија. Англиски мислам дека од ова се учеше. Другите се купуваа од книжара ако не се лажам, Хемија не ми текнува искрено, Анатомија 1 имаше два учебници - општ дел и остеологија, се зимаа од книжара двата. Вовед мислам скопска книга дека беше од Дончо Донев. Како и да е, ќе ви објаснат се што треба на прв час.