Здраво, сакам да прашам дали некој знае која е процедурата да се префрли од редовен во вондреден студент ?
Етика го имаат најпростиот професор и мислам дека сака да го направи предметот ептен тежок. Ај што не ни даде материјали како што треба и не ни кажа дека семинарската требало да ја носиме, на денот кога полагаме, не е достапен во инбокс, на ништо не враќа, и сите не турна затоа што од старт имавме минус 10 поени (пошо нели секоја семинарска е 10 поени, сите се перфектни или не се ), и нормално паднавме. Дно од професор, мислам Трајче се викаше.
Извади барање на е-индекс за промена на статус. Колку кошта, од 1.000 до 2.000 (за ова прашај ги студентски најдобро) на шифра 723019. Информации за настава во Зимски семестар 2020/21.
Здраво девојки, Да ве прашам дали некој има земено курикулум-студиската програма конкретно од Економски факултет. И да ја издаваат на англиски јазик. Ако имате било какви искуства, ве замолувам да ми пишете.
Може ли да се промени насоката т.е студиите? Од бизнис администрација да се префрлам на бизнис логистика. 2-ра година (3/4 семестар) и имам 88 кредити. Дали некој од претходните предмети кои што се исти би се важеле доколку се префрлам или би морало да почнам од 1 семестар? Поздрав
Да, јас имам полагано кај него. Немав материјал па барав материјал од другарка што студираше на ФОН, никогаш ми немаше одговорено на маил, семинарска направив и му ја пратив гледам после ми ставил 10 поени од семинарска. Јас една недела го спремав и на среќа го положив, имав среќа. Инаку скроз не пристапен професор е.
Здраво, откако ќе се пополнат податоците за пријавување ќе се стигне до уплата кој износ треба да се внесе за годишно или за пријавата?
Можеш. Би требало да ти се важат сите предмети кои се совпаѓаат на смеровите. Не те разбирам баш, уплата за што, партиципација? Се плаќа половично; на пример државна квота - 100 EUR* сега во непарен семестар а 100 за нареден семестар. Кофинансирање мислам дека имаат опција 100 EUR сега а останатите 100 во било кој месец пред уписот на наредниот (парен) семестар. *Или 6125 во денари.
Јас запишав семестар, ама нели кај нас оваа година зимски семестар ќе почне од 13ти. Е ме интересира дали можам да си извадам потврда за редовен студент сега или треба да чекам после 13ти?
Па ваљда можеш. За кофинансирање 100% ќе влезеш а за државна квота не знам, можно е и таму да влезеш но зависи дали има слободни места и каква е конкуренцијата. Прочепкај низ уписите и резултатите и ќе видиш точно со колку поени се влегува.
Паузирав една година и сега гледам дека нема распоред за Бизнис администрација за Скопје (изгледа поради малиот број студенти) Ми пишува дека студиите ми се во Скопје да но ме интересира дали кога ќе почнеме да одиме физички, ќе треба да одам во Штип за да ги слушам предметите иако во Скопје започнав со факсот и се водам како насока Бизнис администрација - Скопје.