Некој студент на општа го имал слушано изборниот предмет социјална медицина, ако може да ми каже информации како се одвива предметот (дали има полагање, ако има колку колоквиуми/испити, кој предава итн.)
Социјална се смени професорот после мојата генерација, сега е Валентина Симоновска (таа предава и Хигиена во 4та) така да не знам баш многу. Верувам дека нема да имаш проблеми ама проф си знае да замара за ситници особено на колоквиуми (барем мое искуство со Хигиена). Инаку стандард предмет; 2 колоквиума, семинарска и усен испит. Јас го имав Организација како изборен и беше прелесен. Ако се уште не си упишала семестар тогаш моја сугестија е да го избереш овој предмет.
Од каде ги купувате книгите за на факултет? (конкретно ми треба анатомија3 (3те книги) и физиологија скриптата од ПМФ)
Може ли некој да ми каже дали има некакво известување за во вторник, прва год сум општа и проверив на е пошта но нема ништо?
Ако ги нема на е-библиотека тогаш од фотокопирниците во градот. Еве ти линк за една таква фотокопирница, еве ти друг линк за друга. Од вторава имам земено две книги по карго овој период така да проверени се. Исто така постои опција за изнајмување книги од библиотеката на факултетот, треба само индекс да носиш со себе. Па не знам, пишува дали си одбиена или? Можеби има некаков пропуст. Провери дали те има на листата на примени кандидати, како што гледам има 5 примени вонредни студенти, или пак слушни се со некој од универзитетот. Со среќа! Инсталирај MC Teams, придружи се на предметите/групите што се на платформата е-учење (приклучи се и на таа општата - "Општи соопштенија наменети за студентите на ФМН (Општа медицина, Дентална медицина, Фармација, ВЗШ)"), приклучи се на ФБ групата за 2020/2021 генерација (претпостаавувам дека е оваа).
Здраво, дали некој се соочува со проблем каде што не може да се изврши упис на апсолвентски семестар? Пишува дека постои грешка во процедурите за упис на апсолвентски.