Не те разбирам баш, мислиш дали воопшто има други pdf книги за општа или дали има други книги на тој сајт? Ако мислиш на првото тогаш да има*, ако мислиш на второто тогаш врска немам, случајно ја имам најдено таа книга таму барајќи нешто сосема друго. *Претпоставувам дека си прва година, ако ти треба некој материјал за оваа година (или па и за некоја погорна) кажи ми, дали тука дали во лп, доколку имам ќе ти пратам.
Здраво. Ме интересира дали е пуштен конкурсот за стипендии за оние кои прв пат аплицираат? Гледам дека има рок до 30ти октомври за продолжување на оние кои веќе користеле, а за тие што прв пат аплицираат не можам да најдам ништо..
Имам прашање до постарите колеги од општа медицина. Дали во шеста година има предмети кои треба да се полагаат или со полагање предмети завршуваме во петта година а шеста е само пракса? Ако може некој ова да ми го појасни?
Колеги од општа медицина, ако може некој да сподели искуство /прашања/начин на испитување на проф. Ханџински (Физиологија 1 конкретно)
Дали ќе може некој којшто сега се запишал или бил запишам на втор циклус едногодишни правни студии насока граѓанско право да ми пише порака, ми требаат информации за професори и литература?
Здраво Дали може некој да ми каже на што повеќе да се задржам за учење по предметот патолошка анатомија 1 ,што бараат професорите и какви прашања обично има ? Инаку проф се Џенгиз,Кубелка и Вања
Не знам како е сега, но пред ситуацијава со пандмијата имаа доста услови поврзани со поени, колоквиуми и материјали за полагање. Ќе го прескокнам овој дел бидејќи претпоставувам дека веќе ве информирале дали ќе постојат тие услови за вас (поени од колоквиуми, практичен, предиспитен писмен тест...). Во однос на професорите, јас се паднав два пати кај Џенгис (патологија 1 и 2). Кај него е најрелаксирано и најлесно, прашува 3 "главни" прашања (вака е и кај другите) и потпрашања кои може но и не мора да имаат врска со главното прашање. Прашањата можат да бидат како раскажи за Х или пак ти дава случај и ти да треба да кажеш што и зошто мислиш дека е причината. Кај Кубелка е доста построго, треба да знаеш многу повеќе за да положиш дури и за 6 додека кај Вања Господ нека ти е на помош. Полагај ги колоквиумите со колку што можеш повеќе поени и стискај палци да се паднеш кај Џенгис (или пак да не се паднеш кај Вања).
Дали добро прочитав дека на мастер една семинарска по еден предмет е 1000 денари, а прв циклус е 100 денари? Да не имаат една 0 повеќе по грешка напишано? И зошто воопшто се уплаќа за семинарска? Јас заврршив прв циклус на друг државен универзитет а ниту еднаш никој не плати за да израбти семинарска или таа пракса е само на УГД? Конкретно се работи за на правен факултет.
Здраво Дали можe некој да ми објасни од каде е најдобро да се учи по патофизиологија 1 од проф.Милка , дали бара детали или дава се од презентации и материјал ?
Од нејзините презентации и нејзината скрипта. Колоквиумите не и се многу тешки, нема многу ситници на колоквиумите ама затоа на испит бутка 99% од студентите и за најмали ситници. Според мене најтежок професор на цел факултет, колеги паѓаат години поради неа и/или ги влечат патофизите со години.
Некој на медицински факултет кој имал предмет Физиологија од професор Мире? Ме интересира дали луѓе имаат паѓано години ради него(пр. треба да дипломираш ти останува само неговиот предмет и те бута, па мораш да испуштиш една година за да одиш на специјализација) или во таков случај е коректен?
Мире Спасов? Хммм он предава на ВЗШ ако не се лажам. Беше порано, пред повеќе години, асистент на општа, ко асистент беше океј тип, не ми се верува да бутка сега. Е сеа ако немаш научено офц ќе паднеш.
Дали некој знае каде може да се поднеси жалба во врска со референт по студентски прашања?? Продеканот известен е за однесувањето, ама ништо не е сменето
Па зависи за што ти е; не ти обавува услуга, ти се понаша, ти прави штета намерно итн. Досаѓај на продеканот, деканот, ако нема промена обрати се до Ректорат... мада искрено не верувам да се смени нешто многу многу. Со среќа како и да е.