Има дисперзирани(туризам и бизнис логистика и нешто најново гастрономија) се наоѓаат кај АСУЦ школото али си имаат посебна зграда и стварно е многу убаво
женски јас се запишав на оптика на факултетот за медицински науки...има некоја што е запишана таму??? видов на прелиминарните денеска бев втора на списокот....се надевам ќе ме примат....)
Слушнав нешто,ама може и да е дезинформација дека на првите тројца оваа година на универзитетот ќе доделувале стипендии,колку е точно не знам... Ако некој знае нешто повеќе нека каже.. позз
Да прашам, во конкурсот пишуваше, дека е потребно потврда од осигуруванје, по избор на кандидатот, што е потребно, за таа потврда, или само треба да се уплати 150ден. Помош
се осигуруваш во осигурителна компанија по твој избор и тие ќе ти дадат една потврда, истата ја даваш со сите тие салтанати, пријави, индекси, уплатници
Има да. Мислам дека има дури и неколку, не една. Не би можела да ти објаснам точно каде се наоѓаат, ама има една ептен во близина на Ректоратот. Макар што сметам дека немаш потреба од таму да си земеш осигурување, бидејќи во самиот хол на истиот си има претставници од Вардар Осигурување.
Е супер, многу ти фала, ептен ми ја олесни работата, цел ден сум загрижена со како ќе биде.....значи нема криза.... :
Ќе си влезеш внатре од книжарата ќе си ги земеш фолмуларите и индексот и сите уплатници ќе си седнеш ќе си ги потполниш (што нерви потрошив додека ги потполнував,а никој ништо не знаеше да објасне) ќе си земеш осигурување и со потполнетите уплатници ке си ги уплатеш во банката таму што е и тоа е . Ќе ги предадеш уплатниците со печатите и формуларите индексот и сликите на твојот факултет и тоа е. Вака лесно изгледа но денес мислам ќе си умрев таму,жешко+нервоза+растрчани млади како муви без глави
Баш ме насмеа, веќе имам уплатено скоро се, само треба да земам формулари и индекс, и осигурување, значи само да пополнам и и да ги предадам документити, а дали треба да се уплатува за осигурување во банка?
Не дирекно на штандот за осигурување си платеш мислам дека беше 150 ден. дадеш матичен број име презиме и ти дадат потврда и тоа е .
Да ве прашам колку плаќаат вонредни студенти т.е студентите со кофинансирање? И кога е третиот уписен рок?
Супер Ептен ми олесни, бидејќи на уписите ми идеше да плачам како мало дете, чекајќи ред, па трчи ваму, трчи таму, хаос, се е ОК...Фала ти многу
Туку има некоја колешка на Англиски јазик и книжевност-преведување и толкување Преска додека чекав ред си викам можеби некоја феминка е овде меѓу сите личности
Третиот мислам дека е на 15 и 16 септ. а за плаќање види на конкурсот пишува http://www.ugd.edu.mk/images/stories/fi ... 1_2012.pdf Можно е.....
Јас не сум на Филолошки факултет ама кога се пријавувавме зад мене стоеше едно девојче и случајно слушнав дека ќе се запишува на истиот така да не е исклучена можноста тоа да си била ти.
Доколку некој не е информиран за првиот академски час нека си прочита http://www.ugd.edu.mk/index.php?option= ... &Itemid=79
Да ве прашам дали на15-ти е морално е присуството на свечениот час? Ќе се доделуваат ли индексите бидејки неможам да отида тој ден?