Дали знае некој нешто повеќе околу магистрирање тука, дали се одвива онлајн часовите и полагањата? Гледам насоките што сум заинтересиран да магистрирам се со две години, а мислам дека и од семестар е околу 500-600 еу, стварно скапо и не знам дали воопшто е исплатливо, само ај.. Исто така ако некој воопшто има запишано факултет за инженерство за заштита на работна средина или пак магистрира нека ми пише, да поразговараме.
Колеги од општа мед, некој да има искуство со проф. Сотирија Дувлис имунологија? Од каде сте учеле, што бара на испит...?
Дали на вас што сте општа медицина ви ги сменија групите за вежби или само на прва година? Зошто прв семестар бев 4та група, сега во втор сум 1ва
Јас кај друга бев така да не знам многу за Дувлис. Знам дека лани во јунска сесија од стотина колеги на испит само 5 положија... Сепак најдобро прашај некој од трета година, моето инфо за имуно е застарено. Ќе ти пратам материјал во лп за 10 минути.
Здраво сакан да прашам која е процедурата за презапишување на предмет и дали треба пак да го слушам (дали треба и колоквиуми да се преполагат), за факултетот по информатика зборам.
Претпоставувам секаде е иста процедурата а таа е : плаќаш 100 денари од кредит па така ако предметот носи 2 кредита плаќаш 200 ден, ако носи 5 кредита ќе уплатиш 500 ден на таа сметката на веб страната што е. Потоа, ако имаш услов за испит не го слушаш и не полагаш колоквиуми, доколку немаш услов го слушаш и полагаш колоквиуми. Е сега професорите обично имаат разбирање па ги препишуваат бодовите од предавања и вежби* така да ќе треба само да полагаш колоквиуми и практичен доколку имаш. *Направи скриншот од поените како доказ.
Здраво сакам да прашам дали некој е студент на универзитетот Гоце Делчев Штип насока индустриска логистика имал некој проблем со професорот по математика инску сум четврта година.
Не ми текнува ама баш ништо за генетика. Како да учите, па почнете од најважните работи па потоа проширувајте го знаењето околу нив и додавајте работи кои мислите дека се важни или ви ги потенцирал Дарко. Лани [афаик] имале писмени колоквиуми со 30 прашања во времетраење од 30 минути, на испит имале писмен прелиминарен тест па кој ќе го помине потоа оди на усно испрашување. Некоја колешка ме прашуваше во лп за прашања за испит неодамна, ова се прашања од лани што полагале. Од мене толку, повеќе од некој помлад колега.
Здраво, дали може некој да ми објасни детално за фармацевтскиот факултет во штип? Пример, со колку поени примаат и дали има шанси да ме примат мене со околу 65-70 поени, на кои предмети треба да им се обрне повеќе внимание, кои професори се добри/струги, дали е тешко/лесно, дали и на оние кои не им оди хемијата (како на мене) можат да поминат таму доколку се посветиме, како е со плаќање и слично? Ви благодарам однапред.