1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Универзитет Гоце Делчев - Штип

Дискусија во 'Образование' започната од velesanka, 21 септември 2010.

  1. lana_del_gej

    lana_del_gej Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    17
    zdravo
    dali ima nekoj iskustvo so Zdenka (biofizika) i Mire (fiziologija)?
    kakvi se na kolokviumi i na ispit?
    lesno li se pominuva kaj niv, ili baraat potpolno se i dali imaat uloga predispitnite poeni
     
  2. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    6.040
    Пол:
    Женски
    Јас сум општа медицина и Зденка бара навистина да знаеш на испит , има комбинации и испитни прашања научи ги убаво тоа е материјалот , не е комплицирано .
    На нас прво ни бараше претворби па ако ја решиш одиш на прашањата, не е клета професорка но си бара знаење , ако знаеш секако ќе положиш. .
    А со Мире немам искуство...
     
  3. Sungerot.Bob

    Sungerot.Bob Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки!!! Дали некој може да ми прати материјали за учење по Инфективно кај проф. Вело Марковски, или да ми посочи од кој книги треба да се спрема испитот.
    Благодарам многуу!!!
     
  4. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    4.146
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да студираш фармација, нема “не ми оди хемија”. И да не ти одело до сега, ќе мора да почне да ти оди, односно многу да учиш.
    Ќе учите се’ од почеток, од најниско ниво, разбирливо за сите, па дури и за тие на кои “не им оди” хемија. Во фармација има многу, многу хемија, биди си подготвен/а за тоа.
    А дали ќе те примат........зависи од бројот на пријавени кандидати. Ако се исполни квотата со кандидати кои имаат повеќе поени од тебе, тогаш можно е да те одбијат и да ти понудат друга студиска програма за да се запишеш. Со лесно!
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Кец или двојка? Или па си на ВЗШ?

    Ако е за кец тогаш неговите презентации и мислам дека имаше скрипта нешто.

    Ако е за двојката тогаш скопската книга или пак скриптата што е пишувана од постари колеги според неговите предавања. Вторава е доволна.

    Кажи ми што поточно ти треба за да знам што да ти пратам...
     
    Последна измена: 4 април 2021
    На Sungerot.Bob му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sungerot.Bob

    Sungerot.Bob Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас сум на ВЗШ, а материјалот е истиот и за општа, ако не ти е тешко може ли да ми пратиш тоа што го имаш. Јас сум од Скопје и студирам вонредно, и заради работни обврски не сум во можност да дојдам до Штип. Благодарам многу ако ми излезеш во пресрет и ми пратиш тоа што го имаш.
     
  7. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Врска немам што учите така да ќе ти пратам во лп се што имам за предметов.
     
    На Sungerot.Bob му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sungerot.Bob

    Sungerot.Bob Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дечки аналитичка хемија за медицински лаборанти кој е одговорен професор оваа година?
     
  9. Sungerot.Bob

    Sungerot.Bob Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам дали е можно да се направи промена на предметниот професорот во е-индекс, бидејќи професорот повеќе не е одговорен за предметот и полагањата не се кај него. Некој совет или слично искуство!
     
  10. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Имаш две опции, да се смени професорот преку студентски/еслужба/декан/продекан или - вообичаената - да полагаш кај сегашниот професор кој пак ќе го извести претходниот да ти ја внесе оценката од испитот.

    Вакви ситуации настануваат кога студенти од постари генерации преслушуваат предмет кој во меѓувреме сменил професор (значи баш како со тебе).
     
    На Sungerot.Bob му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blackmamba^

    blackmamba^ Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Дечки како се прави студија на случај?
     
  12. Marang

    Marang Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Ако може некој да сподели искуство од проф. Васо Талески (За микро 1 сега ме интересира).
    Начин на испрашување, тип на прашања на колоквиуми и испит...?
     
  13. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Мислам дека микро 1 е релативно лесен предмет, двојката е потежок бидејќи има многу работи за бубање. Васо бара доста но е ептен фер, ако имаш учено и покажеш знаење ќе положиш. Инаку обично поставува по едно прашање од секоја тема, микро 1 не ми текнува колку прашања поставуваше, мислам по 3 (исто како и за двојката). Се на се, бара учење предметот ама се положува, ништо страшно. Колоквиумите од друга страна можат да му бидат тешки, знае да бара некои ситници или па да даде збунувачки прашања.
     
    На Marang му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Колку е комисики испит за вонредни студенти во дополнителна сесија?
     
  15. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    1000 denari e za site
     
  16. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Не е точно.
     
  17. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Kolku e?
     
  18. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Афаик 900 комисија + 50 ТМ + 620 испит за вонредни во дополнителна = 1570 денари
     
  19. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    3.790
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може некој што има завршено општа медицина на УГД или пак е 6та год, да каже искуства кои години се полеснички, а кои се потешкички, инаку сум прва год не ми изгледа толку тешко ама е напорно...;(

    И сакам да знам по колку кредити се потребни за секоја наредна година угд општа мед, ако знае некој нека пише :smirk:
     
    Последна измена од модератор: 24 април 2021
    На Milče9 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Според тежина, имхо, најтешка е трета па втора па четврта па прва па петта. Шеста е пракса/стаж така да ако се брои ондак таа е најлесна.

    Трета е тешка бидејќи има најтешки предмети/професори, плус од втора година (која ми е втора најтешка нели) ќе останат веројатно по неколку предмети и ќе се соберат на куп доста тешки предмети кои ќе мора да се чистат за услов. Предмети и/или професори кои првенствено се издвојуваат се по Патологија 1/2, Патофизиологија 1/2 и Физиологија 1/2, овие сите заедно носат 37 кредити т.е. ако се има се положено но не и овие - падната година. Сеа да не те плашам, се положува, ама ептен треба да се загрее столчето, нема шанса на жими мајка да поминеш кај овие предмети.

    Втора е тешка бидејќи предметите тука се големи и тешки. Ова во комбинација со претходниот текст за трета година и чест резултат е презапишување година или влечење на предмети понатаму. Обрни особено внимание на Физиологија 1/2.

    Четврта почнува интересното бидејќи се почнува веќе со клиничките предмети и со клиничката пракса така да поинтересно е, поопиплива е медицината и сето тоа. Најомилена година ми беше токму оваа, еден куп интересни предмети. Во однос на тежина најмногу обрни внимание на интерните и на инфективните, интерна е огромен предмет и носат 18 кредити! додека инфективно не е толку тешко колку што професорот си бара специфични работи па поради тоа има огромен број на паѓања на испит.

    Прва година, прв пат доаѓаш во контакт со факултетот и се поврзано со него; се ти е ново и непознато, не знаеш што е битно, изгубен си, збунет си итн итн. До шеста година 90% ќе заборавиш што си учел.

    Петта ми беше најлесна бидејќи ако редовно учиш, ја сакаш професијата бла бла се ти е познато веќе. Има предмети како очно и гинеко за кои треба да повториш бидејќи се си заборавил но другото се ти е познато. Хирургија е најобемен предмет на цел факултет но најмногу зависи кај кого ќе се паднеш на испит. Ако си учел од прва до четврта ќе ја поминеш петта година без проблем, најискрено ти кажувам. Тука сите се интересни предмети, се разбира со исклучок на трудова медицина. Фак трудова медицина. Чим фатиш услов за петта не броиш кредити до крај туку предмети до крај.

    Шеста година одиш на пракса, ако ти останале предмети тогаш ги дополагаш, бркаш бирократија за дипломски труд, ги пцуеш студентски и планираш што понатаму со животот. Најлесна година без конкуренција. ;)

    Ова е ептен базично и набрзинка кажано за годините, прашај слободно ако имаш повеќе прашања. Ќе кажам само декеа јас сепак го кажувам сето ова од мое искуство, на крај студирањето зависи од : студентот, среќата, професорот, материјалот, термините за испит... има безброј фактори. Исто, овие предмети кои ти ги издвојувам се за да знаеш што те чека т.е. каде најчесто се заглавува, се разбира има и други предмети кои се важни/тешки. понатаму често пати, ако не и најчесто, не е предметот толку страшен колку што се губи на "кондиција" бидејќи се оди од еден колоквиум на друг, од еден испит на друг.

    Еден совет од мое искуство, види си дали ќе ти одговара или не, не ги полагај сите предмети во сесија туку одбери неколку предмети (пример 5/6 предмети) со добри дати каде што ќе имаш време да ги научиш и фокусирај се на нив. Вака 98% ги положуваш, многу колеги пријавуваат се и на крај резултатот обично е : пола предмети нема да се положат, ќе стигнат до комисија, ќе поминат со 6 или ненаучен материјал, ќе се прегорат многу брзо, нема да стигнат да ги научат.

    1>2 = 36 кредити
    2>3 = 90
    3>4 = 150
    4>5 = 210
    5>6 = х*

    *имало порано услов од 260 кредити али сега нема.
     
    На NoirSerpentine и АничеБананиче им се допаѓа ова.