Може ли некој да каже како испрашува анатомија 2 проф. Светлана? Прашува конкретни прашања или треба да се раскажува пр. за мочен меур се што знаеш?
Здраво, има ли некоја од вас на Факултет за туризам и бизнис логистика, хотелско- ресторанска насока? Би ви била благодарна ако ме исконтактирате во порака сакам да поставам некои прашања
Имам презапишан предмет...и во графата наместо името на професорот стои нема професор...да не знае некој?
Дали некој може да сподели што прашува проф. Марија по фармакологија 1 ( за општа медицина) или доколку има најчесто поставувани прашања да ми испрати ? Благодарам однапред
Здраво, некој да ми каже што е на стоматологија во штип како е дали е лесно, дали имате пракса? Сакам да се запишам па да ми објасните
Не сум ни на стоматологија, ни на УГД, но студирам нешто сродно, така што според мене, не може стоматологија да биде “лесно”. Зависи и што подразбираш под лесно, ама знам дека е доста обемно, и сепак, со пациенти работиш, а ниедна работа која вклучува здравје, не е лесна.
Колку што знам нема смер стоматологија на Угд. Ако сум грешка некој нека ме поправи. А знам дека има забен техничар протетичар.
Се согласувам но сакам да знам дали имаат добра пракса, дали има кој да ти објасни и дали има од што да научиш