^^ Зимаат и тоа како провизија,зборам за Штип,денес ми земаа провизија 500 ден,10 уплатници по 50 ден. Административна такса-50 ден и провизија 50 ден. Не се нормални! Мене ми излезе 16.340 ден (јас сум вонреден студент),само за уплатници и провизија и + "бесплатниот индекс" 1150 ден.
Епа оти си уплатила во Банка? Јас таму уплаќав, не ми земаа ни денар за провизија. За запишување треба 2 уплатници, погледни во конкурсот, можеби има како треба да ги потполнеш.
И јас таму уплаќав,хмм. Испадна толку да дадам колку што пишува во конкурсот. Јас дома сметав вчера, ама не ми текна дека треба и за индекс и пријавни листови да дадам пари, па ми фалеа.
Извинете за оф топик, ама сакав да ви кажам памет за друг пат. Во Комерцијална никако не уплаќајте за административна такса. Буквално дерат. Јас секогаш си плаќам во Стопанска, земаат 15 денари провизија, или во ТТК, понекогаш ми земаат 10 понекогаш 20 денари за провизија. Комерцијална никако.
Сакам да ве прашам нешто на пример јас стидирав на овој универзитет го завршив , но ми остана уште 3 испита до диполома .Дали сега ке можам да се запишам на друго подрачје од овој факултет? ?
Значи уште не си дипломирала така? Уште се водиш како редовен студент или? Јас мислам дека можеш да се запишеш. Ако уште се водиш како редовна можеш да се запишеш на паралелни. А и откако ќе завршиш и ќе дипломираш можеш пак да си се запишеш. Но сепак, информирај се подетално на студентски. Ќе ти кажат што и како треба.
Јас се зедов за пример инаку за другарка ми прашувам.Да не е дипломирана има уште некои предмети до дипломорање , а сака пак да се запиште оваа година .Затоа прашував.Е баш ме израдува што сигурно ке може ..фала на одговорот
Ништо, ако можам некако да помогнам тука сум Ама за секој случај најдобро ќе и објаснат на студентски, најубаво е таму да си праша, бидејќи велиш дека и останале уште неколку испити, па дали поради тоа ќе и дозволат да се запише (ова за паралелни студии зборам). А редовно, како нов студент може да се запише секако
Едно прашање Ми треба помош околу една дилема, јас сум втора година на бизнис логистика-Скопје, и би сакала да знам кои од изборни предмети се подобри, некој совет од постари колеги би бил супер Фала
леле луге помагајте,значи денес поднесов документи за да се запишам на правен,вонредно, а сега ме премислија демек многу тежок бил ово оно,мн.глупа струка,и сега сум цела во паника сакав да прашам дали има некаква опција да се запишам или префрлам на земјоделски на истиот универзитет или не бидува.ПОМОШ
Ако имаш некој познат на универзитетот оди уште утре. Јас бев со другар ми, два дена после упис. Му го прешкртаа првиот избор и заокружија друг факултет.