Тогаш нема да можеш да упишеш втора година. Прашај на студентски или тука, сепак тие знаат повеќе од мене за вакви случаеви.
Имам 42+ поени по предмет а сега кога сакам да запишам семестар ми пишува преостаната обврска по предметот. Грешка во е-индексот е или.. Според мене имам услов и не би требало да ми пишува преостаната обврска
Луѓе , на втор рок немаше општа медицина во Штип слободни места , а на 3 рок има 6 слободни овај е последен рок, дали е можно е или некоја грешка е? Или па тие места да не се посебни за некои владини студенти не знам немам појма, ама планирам да одам во Штип да се запишам директно на општа , одново а веќе сум запишана на Дентална годинава????
Во однос на сертификатот за познавање на странски (англиски) јазик потребен за упис на втор циклус студии кој тест треба да се положи/кој вид сертификат се бара и каде препорачувате да се полага?
Дали знае некој, дали се пријавува дипломска за јавна одбрана е-индекс после истекот на рокот за упис на семестар, од студентска служба ми рекоа дека ќе го средиле административниот дел за да не упишам семестар на крај дека сум, ама дали ќе можам да Пријавам Дипломска после тоа?
Здраво Најточна информација ќе добиеш од студентски прашања околу ова, затоа е најдобро нив да ги прашаш. Ама, во секој случај, ако и некој друг ја дели истата ситуација со тебе, нека напише овде. Поздрав
Веројатно не се упишале поради некоја причина па се ослободиле места. Не, одбрана се пријавува кога сакаш. Пријави одбрана (ако имаш согласност од менторот) за да не те фати новиот семестар зошто ќе треба да плаќаш пари за џабе.
Здраво, дали некој знае кога ќе излезе распоредот за предавање и кога ќе почнат да не додаваат во тимови нас бруцошите?
Што мислите за предметот Транспорт и логистика од Ристе Темјановски да го изберам?Тешок ли е и обемен?
Здраво, ми треба помош од вас. Медицински лаборант сум на угд генерација 2013/2014, ми останаа 2 предмети за полагање, си заверував семестри цело време за да не ми стане е индекс неактивен, е сеа конечно сакам да ги полагам предметите, па ако може да ме упати некој како оди, треба ли да ги слушам од почеток, не знам ни како оди слушањето онлајн, секој одговор ми е добродојден. Ви благодарам.
Ништо посебно, ако имаш услов за нив чекај сесија, пријави ги и полагај ги. Ако немаш услов презапиши ги со тоа што ќе платиш по 100 денари од кредит. Онлајн јас слушав само еден семестар така да не знам како било лани; јас кога слушав имаше предавања на Тимс, колоквиумите беа онлајн на е-учење а испитите усно онлајн на Тимс. Е сега за вежби имав објавено пред неколку страни кои смерови и кои предмети ќе бидат со физичко присуство а кои онлајн. Офц ако си вонреден студент нема потреба да присуствуваш ни на вежби ни на предавања.
Ти благодарам на одговорт, имам услов да, и редовен студент сум, имунологија заглавив кај Дејан Трајковски ама сеа гледам друга проф. е Даринка Ацкова, и клеточна биохемија( клучот на е учење не можам да го погодам) па доколку го знае некој би ми значелоо ептен
Во Штип си запишана дентална медицина така? Јас исто се запишав на дентална медицина како втор избор затоа што на општа беа исполнети и државна и приватна квота уште во 1 уписен рок. Сакам за најбрзо време да се префрлам од дентална во општа медицина.
Ај некој да ми објасни значи апсолвент сум со сите исчистени предмети на кои шифри треба да уплатам апс стаж? Хелп