Ќе може ли некој да ми каже каде можам да ја најдам потврдата за редовно запишан зимски семестар? Во креирај барање нема таква опција, најблиску би било потврда за редовен студент а се сомневам дека е истото.
Од 4ти, за распоред следи на е-учење на општиот курс. Прашај го менторот дали може да пријавиш одбрана, вака џабе ќе ги фрлиш парите само. Тоа е тоа.
Добар ден, бидејќи сум бруцош на фармација би сакала да ве прашам од каде набавувате матријали за спремање на колоквиуми и испити, од друг град сум па не можам баш да патувам за да земам одвреме-навреме матријали па би сакала да земам се што е потребно наеднаш.
-Клонинг, -има една и во трговскиот центар долу, ама не и го знам името -има една и пред Coffe Lab во центарот
Не сум фармација, но ќе се обидам да ти одговорам. Прво, треба да започне семестарот, а после тоа ќе ви кажат професорите кои материјали ви се потребни за учење. Некои ги даваат нивните презентации, некои од скрипта. Зависи од принципот на работа на професорот. Иначе материјалите се купуваат од нижарите кои ги наведив погоре. Среќно и со успех
и јас сум на дентална,мислам дека нема група,пиши ми како се викаш ќе те адд на фб ќе направиме досега немав никој познат
Nema fakultet ko ovaj... Na dentalna deca so +95 poeni dremat,a na opsta so 80/70.. Uste ne mozam da sfatam zosto ne stavija dolna granica barem 90 poeni za upis:/
Прашањево е многу опширно па и одговорот ќе биде таков. Мене втора година ми беше потешка од прва, има посериозни предмети и потешки професори. Сега 1/2/3 година вежбите ќе ги држите онлајн така да нема да зборувам за нив многу. *отварам студиска програма да се потсетам кои предмети беа во втора година* Во ред да почнеме. Анатомија 3 имаше книга и плус скрипти на Светлана. Мене колоквиумите ми беа доста тешки, практичниот очекував да е пекол но супер си поминав а испитот беше лесен. Во мое време мислам дека немавме услови од практичен, сега мислам дека има ама не знам дали беше 1 или 6 поени. Учиш за глава (и врат) и се што има во неа, за колоквиум се нервите и крвните садови а за испит сетилата и мозоците. Физиологија 1 и 2 се учеа од Гајтон и плус од презентации. Јас бев кај други професори, сега Зоран Ханџиски ги води предметиве и типот е доста заебан, бара секакви ситници и многу бутка. Практичен не ми текнува дали имав а и да сум имала, тој бил кај други асистенти, сега не знам ни дали имаат практичен ни како се одржува. Ептен опширен предмет, учиш за како функционира човековиот систем, не ми текнува што се учеше во 1 а што во 2. Микро 1 и 2 може да се учи од презентации но ако сакаш убаво да го совладаш и да поминеш подобро на испит симни ги скриптата и практикумот од е-библиотека. Нивен автор и професор кој го држи предметот е Васо Талески, строг но фер и принципиелен човек. Нема практичен*, бара семинарски и цепидлачи за поени. *Океј има практичен ама тој е споен со испитот, кога идеш усно да полагаш првин всушност практичен дел полагаш, не знам за кецот ама двојката треба да препознаеш бактерии на агари. Штета со коронава, ние идевме на вежби во здравствениот дом и таму гледаме бактерии, агари, микроскопи, боења по Грам итн. Микро 1 учиш за базичните работи додека Микро 2 е многу поопширен и искрено има доста бубање тука. Биохемија 1 и 2. Мислам дека се доволни презентациите, јас барем само од презентациите ги учев двата предмета. Го држи Рушковска, се најдобро имам за неа, одлично објаснува но си бара знаење на испит. Пак ќе кажам, штета за коронава, има одлични вежби, лабораторијата ја отворија јас кога бев втора а после нашата генерација почна да ги носат студентите по приватни лаборатории во Штип. Био 1 не е нешто тежок, се учи основно за АК, липиди и ЈХ додека Био 2 е потежок и опфаќа гликолиза, Кребсов циклус, Лимонска киселина итн. Практичниот е релативно лесен. Хистологија 2, претпоставувам веќе си запознаена со предметот, исто како со кец само за други работи и потежок и секако моли се да се паднеш кај Јашар на испит. Биостатистика е боза. ОСНИР е боза. Етика е боза. Прва помош, од лани мислам дека го држат нови професори... не знам кои, Ефтимова, Циривири... Како и да е, мал интересен предмет, еве стара скрипта. Лесен предмет, супер професори, понатаму првата ќе ви предава анестезија и ургентна а вториот ортопедија. Имунологија има нова професорка, мислам дека се викаше Дувлис. Предметот е предизвикувачки, јас поминав лесно но многу колеги мака мачеа, има книга од Кјуби но мислам дека е ептен голема и конфузна, еве некои работи кои ги имам најдено за предметот, една од овие скрипти е од самата професорка. Колку што знам од помлади колеги, професорката бара доста знаење на испит. Во однос на изборните предмети, мислам дека сите се лесни, јас ги имав ОЗЗ и Комуникациски вештини, поминав прелесно но и другите предмети се лесни. Тоа е тоа, мислам дека опфатив се. Со среќа!
Има ли шанси да се добие стипендија иако си апсолвент, бидејќи запишав и обичен семестар и апсолвентски.. Некој дали е добил?
Дечки, прва година сум запишана на општа медицина и денес беше објавен распоредот ама не знам како да видам којa група сум. Може некој да ми каже каде можам да видам која група сум. Фала однапред
Обично ги објавуваат на страната на факултетот. Можеби каснат бидејќи сега се презафатени со реорганизација на групите од 4/5/6 година. Вежбите секогаш почнуваат од втората недела така да не се секирај, ќе ве известат со време. Се логираш со истите податоци со кои се логираш на е-индекс и останати онлајн ресурси. Евe ти ко водич ако не се снаоѓаш баш.