Трета ми беше најтешка година бидејќи се насобраа на куп баеги обемни предмети и тука имав фото-финиш за услов, од оние колеги кои заглавуваат - најмногу заглавуваат тука дали со паѓање година дали со влечење предмети понатаму. Затоа направете си добар план за фаќање услов за 4та. Инаку веќе во трета се почнува редовно со пракса во болница, штета што вас не ве опфатија како погорните години. Ако имате шанса да се вметнете некако (кога бев 6та некои колеги од 5та се лепеа поред нас) мада би биле тотално изгубени без ментори... Како и да е, искуството за предметите : Патологија 1/2 се учи од Робинс, генерацијата што е сега 4та се поделија да ја препишат во ворд цела книга, ако можеш да дојдеш до неа преку некој од нив. Одлично предаваат сите професори така да присуствувај на предавања, веќе всушност и ги знаете професорите од хистологија. Огромен предмет, особенo двојката. Моли се да се паднеш кај Џенгис. Патофизиологија 1/2 се учеше од... имаше нејзина скрипта Клинчева мислам плус нејзини презентации. Многу заебан предмет со еден од најзаебаните професори (она, Ханџиски и Вело ). Имам лошо искуство со неа и со овој предмет, студентите најмногу заглавуваат со него, особено патофиза 2. Кецот е помал за разлика од двојката, колоквиумите не се нешто тешки но испитите се касапница. Фармакологија 1/2 се учеа од скрипта од е-библиотека и презентации (мислам дека се доволни вториве). Кецот не е тежок ама затоа двојката наплаќа за двата. Учи го убаво за да после 4/5 година па и понатаму ти биде многу полесно. Ова е совет што сега сакам некој да ми го дадеше кога јас бев трета. Микро 2 го кажав во минатиот пост. Клиничко 1 се учи од на Вавлукис и Камчева скриптата плус презентации. Интересен предмет, кецот опфаќаше интернистики партии па затоа го држат интернисти а двојката хируршки партии и ќе ви предаваат хирурзи. Кај вториве се поминува полесно од првите но најмногу зависи кај кого ќе се паднете на испит. Јас двојката ја поминав многу лесно, со кецот ќе завршев на комисија за малку. Горе кога зборував за пракса мислев на овој предмет. Ако може изборете се кај Зденка барем еднаш во недела да одржувате вежби. Медицински англиски е боза. Епидемиологија е боза. Од изборни јас имав Основи на фармација и психопатологија и беа лесни мада вториов значеше дека идев на предавање кај најдосадната професорка на ФМН. Од другите изборни знам се жалеа колеги од основи на микробиологија. Пазете што ќе изберете тука бидејќи не дека се тешки но пеин ин д ес можат да бидат особено во ваква критична година. Мој совет се овие моиве или пак здравствен менаџмент, и тој е доста лесен. Тоа е трета накратко. Мал број на предмети ама кој од кој потежок. Хев фан. Со среќа во новата учебна година на сите колеги!
Здраво, оваа година сум матурантка, па ако може некој што е запишан на општа медицина на УГД да ми пише во лична порака да го распрашам околу факултетот, а и воедно да ми објасни подетално?
Искуство со Светлана Јовевска на колоквиум? Колку страни дава за учење дали е тешко/лесно како се мине?
Ти пиша некој или не се најде таков јунак? Пиши ми слободно што те интересира. Паа мислам дека дава тешки колоквиуми, самиот предмет е голем, тежок и едноставно се буба на памет. На испит се поминува лесно. Колку страни дава за учење воопшто не памтам, анатомија учев пред 6/7 години.
Здраво на сите. Дали некоја од вас знае да ми објасни како оди процедурата за преместување од еден на друг смер на УГД (од фармација на медицински лаборант)? Пишав e mail на студентски прашања, но одговор немам... Ми кажаја само дека треба да испратам барање за уверение за положени испити, друго ништо..
Здраво, сега пробав да аплицирам за стипендија електронски но беше неуспешно, знае ли некој што може да биде проблемот, рокот е до 16.10.2021, п.с сите полиња ги пополнив
Супер е професорката , едноставно си бара знаење и коректна е . Има комбинации кои ги испрашува распрашај се низ копирници или коментари во групите барај , плус за секоја струка има теми кои ги бара за испит . Знам дека прво даваше претворби па ако е точно те испрашува , но тоа зависи ( некои сесии бара , некои не ) сега онлајн незнам како е …
Decki dali ima nekoj zapisano na Fakultetot za prirodni i tehnicki nauki i kade gji zimavte materijalite za ucenje po matematika
Наредната година сум матурантка и понаредната година планирам да се запишам на УГД филолошки факс но ме интересираше кои јазици се учат освен Македонска книжевност, Англиски и Германски? Дали има и Француска книжевност и дали предавањето се одржува на јазикот кој што си го избрал да го изучуваш или само на Македонски?