За туризам и менаџмент, смер хотелско ресторантска насока, кој е надлежен за студентски прашања ако може тел, или маил. Благодарам
Девојки на универзитетов постојат оние физички црвените индекси или како и се друго е електронски само?
Дали може од студентски да ми средат со изборниот предмет ...сега тој што го имам изберено да го заменам со другиот....бидејки професорката не ме додава во тимот сто пати и пишав неможам да следам предавања на крај од семестарот јас ке имам проблем.
Можат. Македонски, англиски, германски и турски има. Нема француски. Предавањата се на јазикот што го учиш, а некои од изборните предмети ги слушаш на македонски, т.е. во прва и втора можеш да бираш помеѓу такви што се слушаат на македонски (лингвистика, теорија на книжевност итн). или такви што се слушаат на избраниот јазик, на пр кај англиски имаш американски роман, американска поезија и слични.
Јас во понеделникот бев таму на студентски за да оставам документи и уплатници бидејќи се префрлав од друг универзитет и ништо не ми спомнаа за индекс. Дали можеби знаеш дали одма го даваат или од кога ќе ми го средат досието?
Да,првин треба да ти го средат досието па после тоа да го изготват индексот. Јас чекав скоро 2-2ипол недели да го добијам.
Здраво имам прашање во врска со патофизиологија 1 од каде учевте и може ли некој да ми ја опише проф милка како испрашува и дали е многу строга.
Аууу баш ми ја погоди Клинчева и патофизите. Хахаха дали била многу строга... Немам позитивно мислење за неа, на испит мора да знаеш се, не смееш една грешка да направиш и гледа да те бутне за најмала ситница. За материјал се учи од нејзините презентации и скрипта (ако не е сменето нешто). Јас првата патофиза ја положив едвај некако од трети обид а втората патофиза комисиски ја положив; тогаш во комисија беа Смоковски и Велкова па некои мои и постари колеги ја заобиколуваа и ги положуваа двете патофизи комисиски. Арно ама како почнаа се повеќе колеги вака да прават Деканатот сфати што се случува и ја смени комисијата со Милка и Ханџиски па положувањето падна од 95% на 5%. Се на се, многу тешко, учи го предметов многу убаво, детално и сигурно. Не сакам да те плашам, има колеги кои не поминале толку лошо, ама не се сомневам дека големото мнозинство го дели моето мислење. ПС: Не знам сега онлајн како е ама ако полагате физички положете го условот (положена Физиологија 2). Во мое време проверуваше индекс/e-индекс и ако немаш фатено услов може да падне викање, фрлање на индекси и други непријатни работи.
Здраво.Сакам да прашам во врска со проф.Зоран по физиологија.Од каде го спремавте материјалот дали само од Гајтон или од друга литература,и каков тип на прашања поставува.
И јас сакам да прашам за физиологија 1. Гајтон воопшто не ми се допаѓа како е напишан многу тешко ми оди. Има ли некој материјал каде што е поубаво објаснето?
Не знам што да ви кажам девојки, јас кај друг професор полагав но и таму учев од Гајтон некои работи. Учете од презентации, прашајте ја асс Ана Марија за помагала и совети (она е една година пред мене завршена, значи до вчера беше и она студент) или прашајте ги тие кои се сега 4та или 5та. Видете по YT, таму има одлични видеа а ко да видов СОМА ставале нешто физиологија работи. Видете на е-библиотека да не има скрипта, мислам има и скопска скрипта ако сте во можност земете ја. Секако ова за учење и совладување на материјалот, колку што слушам Зоран прашувал за се и сешто. На кој факултет си? На ФМН боза е англиски не ти требаат прашања а искрено ни учење. Филолошки/останати факултети врска неам.