Дали универзитетските изборни предмети се полагаат како и другите задолжителни предмети? Колоквиуми па испит ако се положат колоквиумите или е само испит во испитна сесија?
Дееечки ај помагајте. Некој што е втора/трета година кажете како се поминува на колоквиум анатомија1 кај светлана јовевска и какви прашања дава од прилика?
Не знам дали може на сред година да се префрлиш барем за ОМ знам дека не може освен ако немаш врски зошто во МОН имаат книги во кои се внесуваат сите студенти и се затвараат се до наредната година. Е сега може за економски факултет важат други правила така да прашај си или во МОН или тука. Смер Финансиски менаџмент не гледам, провери ги програмите и види која е идентична со твојата. Ова е воедно и мојот последен пост, имам државен испит за спремање во декември, потоа работа и специјализација така да се насобраа обврски. Поздрав дечки, се гледаме во наредна прилика.
На сред семестар не можеш. Јави се или оди на економскиот факултет во штип на студентски прашања, таму ќе ти кажат дали ќе можеш од нареден семестар, или дури од следната академска година.
Девојки ова година сум матурантка сакам да се запишувам медицина штип па ако може некој да ми каже како е со тешкотијата на факултетот,професорите или сепак подобро е да одберам физиотерапевт акушерки... Фалави позз❤
Дали има некој што е на Правен факултет на Угд и дали знае од прилика професорката Димитриева какви прашња дава на колоквиум
Здраво девојки. Може малку глупаво прашањево али јас од друг универзитет се префрлив на угд па сега малку изгубена сум. Не ми е јасно како тоа се полага од дома на тимс и тоа писмено? Може некој да ме просветли
Здраво, може некој да ми каже проф. Валентина Симоновска по Социјална медицина(општа медицина) како испрашува усно? Лани колоквиумот бил писмено, но сега ќе е усно, па ако има некој што на испит одговарал усно да ми каже какви прашања поставува?
Или во ворд ќе е пратен документот, или на формс или на е-учење. Зависи од професорот. А кај некои проф на лист се пишува, сликаш и праќаш преку тимс во чат кај професорот.
Некој да полагал "Основи на ГМО" кај професорката Фиданка Трајкова да каже какви прашања дава на колоквиум?