Морам да се изјаснам јавно,бидејќи сметам дека ќе се пронајде некој од колегите. Воопшто не ми се допаѓа како Ханџиски предава физио 1/2, човекот едноставно незнае да го пренесе тоа што го знае, секое предавање е пребрзо и неразбирливо, толку информации кажува со една душа што на крај се добива резултат од се измешано...Што се должи до книгата огромна е има доста работи што тој поинаку ги кажува, нема водич за учење(презентациите се само слики, графикони и по некое пасусче текст што тој ќе го бара на долго и на широко на испит)...а што се должи пак до ассистентите наместо да го упростат и да го направат јасен материјалот дупло го комплицираат со некакви си СИМУЛАЦИИ без врска. ОВА Е САМО МОЕ МИСЛЕЊЕ.
Секој факултет си носи своја тежина. Би ти препорачала ако имаш љубов кон медицината да запишеш општа медицина, а ако ти е само за да завршиш медицински факултет во тој случај би ти препорачала да запишеш логопедија бидејќи сестра можеш да бидеш и со средна школа. Јас сум студент на општа медицина и можам да ти кажам дека ако учиш ке си положиш без проблем. Поголем дел од професорите се коректни, секако дека има и исклучоци но поголем дел се добри. Си бара учење факултетот прва и втора година се воведни и воглавно ако си средно медицинско ке ти користи доста бидејќи ке ти биде полесно. Трета, четврта и петта година веќе се земаат за посериозни, стапуваш во контакт со изучување на посериозни болести, почнуваат пракси во болница и слично. Шеста година е веќе доста полесна бидејќи цела 6та ти е пракса и спремање на дипломски труд. Се надевам дека бев од корист барем малку
Од сите факултети на УГД само факултетот за медицински науки нема да добие декемвриска сесија, баш на тие на кои што им е најпотребна им е оневозможена, добро зошто постои факултетско студенско собрание на ФМН каква функција има тоа освен да се бори за правата на студентите, ние го избравме ние и ќе го срушиме, ова е крајно нетолерантно, неборбено, деканката одлучила да биде така, тоа може да се смени без разлика на се, и онака и ние дававме потписи за таа сесија, сакам да кажам дека овие од такозваново собрание со прст не мрднаа освен што ги собираа потписите, нивна работа е да се фалат и да си се сликаат очигледно за ништо не ги бидува.
Здраво, македонисти доколку ве има ве молам да ме контактирате сакам да прашам нешто во врска со предметот теорија на книжевноста.
Дали на студентите од УГД им следува бесплатна годишна слободна од ЈСП? Ако да кои документи и што беше потребно да се однесе?
Zdravo da prasam za diplomskata ako mi ostane eden ispit da go polagam vo april dali moze odma da prijavam diplomska da polagam ako prethodno se mi e sredeno
Да, ако факултетот ти е со седиште во скопје. Ќе може некој да ми помогне како оди процедурата за пријавување дипломски труд? На е-индекс ми дава информација „Не е дозволено пријавување на завршен испит / дипломски труд поради непроверено / некомплетирано студентско досие.“ Дали ова значи дека треба да поднесам барање (исто преку е-индекс) и кои поточно се документите кои се потребни?
Здраво, Дали има некој што изработува семинарски работи за втор циклус студии, конретно од областа на економија Пишете ми во инбокс ве молам
Добар ден, како се завреува семестар, бруцош сум па не знам дали ќе објават некаде или пак стига маил кога би можеле да завереме ?
Здраво, како можам да извадам потврда за редовен студент на медицина, треба меил да пишам на студентски прашања или има друг начин?
Преку е-индекс уплаќаш 100 ден, поднесуваш барање за издавање на потврда, и одиш во студентски прашања да си ја земеш или ако не можеш да одиш до Штип пиши им мејл ќе ти ја испратат.
Дали некој што веќе го поминал ова знае да каже на што да се фокусираме за практичен испит Анатомија 1?