Zdravo dali moze nekoj da mi kaze do koga se na odmor profesorite na fakultet za obrazovni nauki Stip
Здраво!Сакам да поставам неколку прашања во врска со Медицинскиот универзитет во Штип-општа медицина. 1.Дали има јака конкуренција за запишување за разлика од Скопје? 2.Колку поени се потребни мин и макс за ошта медицина? 3.Какви се предавањата и професорите? 4.Цена на студирање? 5.Сместувањ? Би била благодарна ако некој што учи на медицинскиот универзитет да одговори на прашањата.
Цената на студирање ти е иста на цел УГД. Непарните семестари се плаќаат повеќе, околу 11 000, а парните околу 7-8 000, плус за заверка на семестар, и за испити (во редовна сесија 70 ден од испит, во вонредна околу 300 и нешто е). За сместување имаш 3 студентски домови ( кај автобуската, во центарот кај стопанска и во населба баби). Тој во бабите (Логос се вика) е најнов и најубаво среден, само доста далеку е, би требала за секаде да користиш такси, дали за на факс или за на кафе. Другите се ужасно средени, нема ни вц саламно, за храната па ич да не зборам. Имаш на приватно станови за изнајмување, има и една група на фб Барам-издавам стан Штип, можеш таму да разгледуваш станови. За другите прашања мислам дека не сум компетентна да коментирам, иако имам доста другарки и познаници што студираат медицина. Само можам да ти кажам дека не е иста конкуренцијата, од годините и со по 70 поени имаше примено во квотата за националности, а за државна квота околу 80 поени најмалку.
Здраво,дали некој од постарите колеги би можел да ми разјасни како оди заверка на семестар и упис на семестар/испити?
Мислам дека еднаш една другарка ми кажа дека има и блиску кај трговски студентски дом “Хилјадников” ама не сум баш сигурна. Најубаво на интернет да се провери.
А да, го заборавив тој. Хилјадниов е до судот, баш е во центарот на градот. И тој е понов како Логос, само не знам какви услови има и колку се плаќа.
Исто и во интернатот кај Angels може. Имам и таѓу другарки сместени. Ама таму има и од средните школи деца така да не знам колку ќе му одговара на секој.
Здраво на сите. Студирам на ФТБЛ и ми треба ваша помош околу бирање на Универзитетските изборни предмети за тоа кои предмети се полесни за учење/поминување и кои професори од тие предмети се подостапни кон студентите? Ви благодарам однапред за вратените одговори.
Пишува дека заверката е до 13.02 Односно до 13 февруари,да не е некоја грешка?Бидејќи пријавувањето на испити е до 24 јануари.
Девојкии , за признавање на испит положен на друг факултет која е процедурата ? Се пополнува барање преку е-индекс??
Од постарите генерации ако има некој добронамерен што има искуство со изборниот предмет Основи на јавно здравство би го замолила да ми се јави во инбокс. Благодарам однапред.
Имам полагано мак јазик, правопис и правоговор, историја на мк, и заштита на животна средина, сите три беа лесни. Историја само беше повеќе за учење, мк јазик повеќе е од општа култура, заштита е исто лесно, не е нешо што не може да се научи. Ако сакаш имам некои прашања по заштита можам да ти пратам.
Имам полагано историја на Македонија, заштита на животна средина, македонски јазик, правопис и правоговор, музика и уметност. Сите беа лесни.