A и јас ќе прашам нешто - колешка на мајка ми, онака низ муабет спомнала дека наводно првите 5 на листата од секој факултет биле ослободени од плаќање партиципација. Јас сепак мислам дека ова важи само за студентите на УКИМ, ама сакам да си прашам и тука. Ништо вакво од типот ослободување од партиципација не прочитав на сајтот на Универзитетов.
Не, нема стипендија за првите неколку студенти на никој факултет. Тоа се само муабети. Јас лани бев 3 та и прашав за стипендија и ми рекоја дека нема такви работи на УГД.
Ќе влезеш во Ректоратот и ќе одеш нагоре по тие скалите. Од лева страна има врати, 2 мислам дека се или 3 не знам точно, не загледав. Е, во една од тие врати, ми се чине последната или таа во средина ќе влезеш и таму се тие задолжени за ова. Ќе ти ги земат документите и ќе ти средат.
Некоја феминка што е на бизнис логистика во Скопје ако знае да ми одговори, сега видов на страната на угд дека студиите се 3+2 и 4+1,но ние кога се запишувавме немаше да се определиме за кои студии сакаме,сите сме на 3 и кој сака учи и 4 или како? И со 3 години сме менаџери по бизнис логистика,а со 4 дипломиран менаџер по бизнис логистика,и сега ова е ново за нас,а постарата генерација со завршени 3 години се дипломирани,а ние не сме Доста има сменето сега,нови работи за нас
^да точно е тоа,еве сега видов и јас...ама тоа не е од оваа година, еве и од претходната. ова е програмта од оваа година: ова од претходната:
Не,тие се дипломирани,отвори ја програмата 2009/2010 тие се првата генерација на овој смер. А прашањето ми е за нас,сега ние на кои студии сме,на 3 или 4?Не се ништо изјаснивме таму
3 години сме ние инаку да 2009/2010 биле дипломирани, ама тоа не е генераија пред нас. значи не сме први со такво звање
Snow-queen први сме,и генерација 2010/2011 се дипломирани Но веке не е ни важно,се запишавме и ке си учиме 4 години
има 3+2 и 4+1 Најверојатно сме ние сега на 3 години,па кој сака си учи и 4.Стварно не ми е јасно,никој ништо не не праша кога се запишувавме.Ке прашам на студентски кога ке одам
Можеш да учип и 3 и 4 години зависи како сакаш , но со 3 години не си дипломиран менаџер до бизнис и туризам а со 4 си дипломиран менаџер по тоа и тоаа..Значи со 3 години ништо не си подетално кажано.
Мислам дека сите сте 4 години, а и да не сте поарно да студирате 4 години оти со 3 реално никаде нема да ве вработат (освен ако веќе не работите и ова ви е само за диплома). Разгледајте по огласите и сите бараат најмалку 240 кредита (тоа ви е 4 години студирање 4*60). Мислам дека никаде немам видено оглас дека примаат со 180.
Откако видов на форумот за насоките 3+2 или 4+1, си го зедов информаторот за студенти, што ни го дават заедно со студентската легитимација, со рагледав и тамо пишува дека со завршувањето на 6-ти семестар студентот се стекнува со диплома и стручен назив дипломиран менаџер по бизнис логистика, а како што јас знам, онаа 3+2, оние 2 се сметаа како постдипломиски студии, значи дека ако идеш плус оние две ке имаш сосем друг назив појак од дипломиран менаџер