@Milasaragila Војо од шо имам слушано бил напорен малку и си барал знаење. Делипетрев исто по Физика барам многу, не знам дали и математика почна да предава.. татко му полабав беше малку, овој посериозен.
Здраво, некој да каже искуства со професорката Татјана Рушковска по биохемија? Што дава на колоквиуми,испит?
За колоквиум не знам, на испит супер. Дава неколку задачи, согледува начин на решавање, комуницира.. Барем јас имам такво искуство. Да не имаш полагано кај Стојковиќ, Лукаревски и Златановска?
Девојки ако не ви е проблем, ќе сака некоја да ми каже колку пари треба да се уплати за да пријавиш завршен испит?
Затоа што често наидувам на луѓе кои имаат проблем при пријавување на дипломски/завршен испит, ова се сите уплати кои треба да се извршат со цел успешно пријавување, во спротивно системот покажува грешка. за уверение 500 ден приходна шифра 723019 за футрола 400 ден приходна шифра 723019 за додаток на диплома 500 ден приходна шифра 723019 за пријавување дипломска работа 600 ден приходна шифра 723019 Уплатница за пријава 20 ден приходна шифра 723013 Уплатница за диплома 2500 ден приходна шифра 723011 административна такса 150 ден за пријава за јавна одбрана,пријавувањето на дипломска и за барањето за уверение за дипломиран Спојлер: клучни зборови за луѓе кои пребаруваат за истово на интернет потребни документи за пријавување на дипломски или завршен испит на угд уплати за дипломска работа на угд
Јас кога полагав кај неа ми текнува дека бараше прецизни работи од нејзините презентации. За колоквиуми и испит бара исти работи, Б1 бараше воглавно аминокиселини, јаглехидрати итн а за Б2 ги бараше тие циклусите, гликолиза, урина, гликонеогенеза... Супер професорка, е сега мене што не ми идеше Биохемија тоа е друго. Јас полагав кај неа пред неколку години, можеби се сменило нешто.
Незнам членката потенцирала ЗАВРШЕН, а не дипломски... се надевам едно од погоренаведените мислења ќе биде од корист...