Претпоставувам дека треба да ги слушаш и полагаш сите предмети кои ги немаш во оној во кој што си бил/а до сега. Ако со ислушаните заеднички предмети имаш (заборавив колку беа за услов за втора или трета) доволно кредити, не би требало да те вратат.
Таква е ситуацијата во Македонија, еве за доктори; доста ПЗУи се затворија особено во Источна Македонија каде што не стигнува капитација сметките да се платат а не па за плати, бесмислени инспекции и казни, бројот на матични доктори е паднат од ~1800 на ~1400 на ниво на цела држава, млад матичен доктор е реткост, за да отвориш ординација треба цела бирократија, кредит и да работиш со години во загуба. За специјализација ако се вработиш во ЈЗУ и при тоа се решиш на овој чекор (и тоа да фатиш специјализација која ти ја сакаш а не останата која никој не ја зима) прифати дека дома не си одиш и умираш од работа за да по завршување треба уште толку да работиш за болницата плус местења од колеги, па дали платиле дежурство зошто не платиле, зошто го унапредиле дебилон што не знае основни работи а не тебе што дома не те гледаат твоите... за приватна специјализација што да зборам, само во Север Фиром постои таква абоминација. Стоматолозите колку што знам се со бедна капитација од негде 43 денари и воопшто не се платени (освен ако не се свои газди). Моето мислење е дека е штета медицинар да се одлучи да биде претставник и неслучајно најголемиот број се фармацевти но и тоа е опција кога веќе зборуваме за кариера по факултет и во полза на членката е да ги знае сите опции. Тоа се картите кои ни се поделени, играме со тоа што имаме.
3 или 4 пат полагање на истиот испит е комисиски? Вторпат го пријавувам испитот, ама нема да можам да полагам во оваа сесија, следен пат пред комисија ли ќе мора?
Дали некој има полагано во скоро време онлајн? Полагав и ми кажа професорот дека ми е положен испитот и дека ќе ми стави оцена на е индекс, ама немам сеуште. Му пишав порака, но не ми е вратил. Дали ако не запишал кој број на индекс или по грешка ставил на некој друг оцена или заборавил? Имам полагано онлајн претходно но одма после испитот ми кажувале која оценка ја добивам и час два по испит имам оценка. Или ми кажале одма после испит да им пишам број на индекс и кој предмет сум полагала.
Штом имаш полагано и немало проблем, нема ни сега да има. Некои професори сакаат денешните податоци веднаш да ги внесат, а некои чекаат и ги внесуваат од сите денови наеднаш. Сесијата уште трае, не знам кога имаш полагано ама почекај уште некој ден, не е страшно. Ако има некоја грешка може и после да ја впишат оцената.
Фала на одговорот. Знам дека е така, повеќе ми е шо не знам која оцена ја имам а знам дека сум положена
Да, онлине полагаме цело време, можеби е незгодно да прашам ама по кој предмет? Обично зависи од проф како ке се организира да внесува, на ФМН има проф уште истиот момент внесуваат, некои чекаат со денови, недели па дури и месец за да внесат бидејќи сме во голем број.....
Дали некој студент има информација за универзитетскиот изборен испит - Етика од проф. Трајче Стојанов. Дали ќе се полага онлајн,односно на moodle од дома, или пак од факултетот со физичко присутство. Му напишав на професорот, и кај нив на студентски, но нема некој информација, на moodle пишува само дека на 29.04 ќе се полага. Не сум од Штип, па сакав порано да знам на кој начин ќе се полага.
Завршните испити било предложено да бидат со физичко присуство, но зависи од професорот сепак тој го дава последниот збор може и онлајн да полагате најдобро прашај те го проф повторно.
Овој е еден од најНЕдостапните професори, најлошо искуство со него и смрди на ароганција голема. Памтам на времето, ни известување дека треба да носиме семинарска за време на испитот, ни ништо и автоматски ни рече кој колку и да има поени, турнат е. А претходно по мејл воопшто не одговараше.
Ако не пишува значи онлајн ќе е. Јас кога го пологав пред неколку години беше електронско полагање. Зборувам и пред короната. Имаше тест квиз и се најавуваш, решаваш и после автоматски излегуваше дали си положил. Тогаш во кабинетот на информатика полагавме на нивните компјутери. https://moodle2.ugd.edu.mk/course/view.php?id=2361 Гледам исто е и сега на курсот шо полагале у февруари. Така да пиши му мејл ама не се многу оптеретуви. Колку шо памтам доста лесен испит и материјал е.
Го имам јас материјалот, сега ја пишувам семинарската, ако треба и ќе ја однесам. Зборот ми е да не давам пари за пат до Штип, треба 4 автобуси да менувам, па после главата ќе си а тепам ако се полага од дома
Имаш време до 29ти секако ќе ти врати. Јас имав предмет шо требаше утре да го полагам и ми немаше логика дека државен празник и пишав мејл и ми врати дека ќе биде преместен терминот. Вчера објави дека ќе е преместен и дека ќе има термин во тековниот ден ама ништо. И сега ни јас не знам кога ќе е терминот, ама гајле ми е вонреден сум ако не ми одговара ќе барам да полагам во друг термин. Секако ќе се полага после вторник. УГД организација нула отсекогаш.
Овој професор е малку арогантен мене таков впечаток ми остави тогаш имавме цел семестар, и јас сум педантен особено со професор што не одржува часови му пишувам да знам како да се спремам, ни враќаше на пораки ни бутур, за време на полагањето ни држеше лекција како не сме биле ние педантни итн, инаку извадов доволно поени на то компјутерот за да положам, ама пошто немав семинарска, ме турна.
Пиши им на некои од колегите. Или ако имате фб група прашај таму. Заради пандемијата снема линии, а некои превозници општо престанаа да возат. Не само до штип, до секаде. Пример Берово Транс веднаш престана со возење.
Има некој полагано испит писмено на teams? Чисто да имам претстава како ќе се одвива. До сега само усно имам полагано.