До јули е продолжено, освен ако е некоја грешка незнам.Сепак сеуште немаме потписи по ниту еден предмет ние генерациски.
Здраво дечки избрав од универзитетските предмети Македонски јазик правопис и правоговор и ја земав онаа книга од е учење од Виолета Николовска но гледам на е учење во известувањата има и друга книга ставено за синтакса од просветно дело итн. Сакав да ве прашам од која книга спремавте и ако имате некои прашања би ве замолила да ми испратите. Ви благодарам однапред
Само од книгата на Виолета. Прашањата се доста од општа култура, пр џ е согласка: точно неточно, а е: висок, низок или среден, во реченицата Трајко купи јагоди, зборот јагоди е: подмет, прирок, атрибут или предмет. Скоро сите беа од овој тип.
Мене ме интересира проф Еленица Софијанова на кој факултет предава? Имам кај неа универзитетски изборен Менаџмент на себеразвојот, ѝ пишав мејл, ми кажа дека ќе е со физичко присуство испитот ама не ми објасни каде, на кој кампус. Секаде барам известување, никаде нема.
Еленица предава на економскиот факултет, јас минатата година полагав Менаџмент на себе развој и личното однесување, веројатно на економскиот факултет ќе полагаш.....испитите кај неа се на 13 (прва сесија) и 21 (втора сесија).
Има некој полагано Основи на туризмот кај Златко Јаковлев? Мене ми е изборен a на Правен сум. Електронски да не се полага случајно?
Некој дали знае што е потребно за да си ги подигнам документите од факултетот, поточно да се испишам?
Добро има ли некој да полага универзитетски Менаџмент на себеразвојот кај Софијанова? Жената не знае да ми објасни дали е со физичко присуство или е онлајн испитот. Нит знам дали ќе има на тимс повик, ни ништо
Може ли сега ако паднам испит на 13ти , и повторно да го пријавам во втора на 27 ми бидејки рокот за пријавување за втора јунска сесија е до 20ти.
Ако е универзитетски предмет онлајн се полага со заокружување. Барем јас така полагав и Информатика и Англиски јазик. И да не е онлајн на компјутер у кабинет за информатика ќе ти вклучат тест и имаш 40 мин. Ако сум грешка нека ме исправи некој. Јас за Основи на туризам прашав никој не ми одговори и ми текна како ги полагав другите универзитетски предмети.
Па тоа ми беше прашањето, дали на факултет во некоја предавална со компјутери или од дома. Имам полагано до сега и така и така (од дома додека беше пандемијата, пред тоа на факултетот).
Јас треба утре да полагам и ми кажа проф само дата и време и да се јавам на телефонски број шо ми е малце чудно. Може да го потсетам . Онлајн ќе е штом не кажа ништо друго.
Здраво дечки откако ќе дипломираш за колку време ти го издаваат уверението, прашувам за медицински факултет за општа медиицна?