Значи ако не се лажам, мислам дека во наредните години сите факултети што сега се 4+1 ќи бидат 3+2, така слушнав гласини, но нашиот е 3+2, каде со 3 си дипломиран манаџер,а оние 2 можеш да ги запишеш на некој друг факултет, како постдипломски студии секако случен со нашиот...Во секој случај време ќе покаже Jac се пишав минатат година, и така беше 3+2...
Па би требало на 17ти.Се надевам до тогаш ќе бидат готови.Освен ако не доцнат,па да ни ги дадат друг ден.
Другарка ми кога се запишала прва година се вкупно и фатило 11.100 денари со уплатници , осигурување и нз што друго.Сега не ми е јасно како 11.100 денари кога нели треба да бидеме влезени со 200 евра а не со сега 11.000 и после тоа пак другата рата.Па колку пари ке излезат тие "200 евра" ?
^ Другарка ти го платила првиот семестар 100 евра и плус се плаќаат додатни трошоци за цела година, си има таму за што се. За вториот семестар ќе плате пак 100 евра и плус ако има некои ситни трошоци.
Беше некој денес да запише семестар? Ама не бруцоши, повисоките години. Што и како треба да се плати, колку уплатници се?
http://ugd.edu.mk/index.php/mk/eugd/soo ... s-semestar Овде на линкот ти пишува што треба ... Мене не ми е јасно за потврдата за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот со минимален износ од 150,00 минатата година имаше таму сега од кај да ги земеме?
Драги феминки, дајте совет мислам дали треба дневникот за пракса при уписот на нов семестар, и што да пишувам во него...А за осигурување од 150ден, мислам дека ќе има на факултетот како и минатата година
И мене тоа ме интересира. За секој факултет ќе биде различно, или сите почнуваме во исто време? Не можев да најдам информации на сајтот, а и малце ми е зезнат. Барав вчера, немаше информации.
и јас барав на сајтот ама не најдов, и затоа баш прашав овде. другиве што сте 2/3та година, како беше за вас, имаше на сајтот објавено или како?
Овие од УГД ништо не објавуваат. Кажаа дека ќе објават на сајтот, можеби во текот на неделава ќе кажат што како.
Некако ми делуваат дека сè оставаат за до последен момент, а тоа страшно ме нервира. Ако е вака за колоквиуми и испити .... страшно е иритирачко. Инаку, завршните испити се полагаат усно, писмено или кај секој професор е различно? Ако има некоја желна да подобјасни, зашто мене завршниве испити ме плашат некако повеќе од сè останато.