Упишуваш апсолвентски семестар, без партиципација, односно уплакаш за лабораториски вежби, спортски центар итн. Се додека не дипломираш мора да запишуваш апсолвентски семестар
Прашањево 5 страни не се доволни за да се одговори. Има добри, има лоши професори, има тешки, има и лесни предмети, поголемиот дел се беспотребни или се учи беспотреба информација. Прашај нешто подетално што те интересира или прочепкај назад, ваљда има некој пишувано подетално. Да. Уффф како беше, одиш во тоа полето на е-индекс да пријавиш тема за дипломски труд, чекаш да ти одобрат, праќаш до студентски после за пракса/библиотека потврда и конечно го пријавуваш трудот. После ќе те известат за одбрана по меил, го браниш, пријавуваш барање за диплома, футрола, уверение и после ги спамуваш студентски за уверението и на крај одиш и си го зимаш. Дипломите обично ги даваат на крај или почеток од годината.
Здраво, имате ли информација дали од оваа година студиите ќе бидат со физичко присуство, ме интересира конкретно за медицинскиот факултет?
Ухх добро е, јас се засекирав зошто имам 172/180 кредита, а немам оценка по професионална пракса иако ги имам сите испити положено. Фала многу
Треба да почнат со физичко присуство, но треба да има и карантин после септември така што секако ќе биде како и минатиов период
Така се претпоставува, не знам повеќе. Како и да е, почетокот на годината ќе биде со физичко присуство, во тоа сум сигурна. Не знам дали знаете, но може да се префрлате редовно-вонредно и обратно кога сакате со доплата 2000ден, штом ви е важно како ќе се одвива наставата, претпоставувам дека би било корисно да знаете, повеќето од нас тука знаеме како е, сместување, па кампуси на сите страни, секако мора да се користи такси и така натаму
Здраво девојки, размислувам да се префрлам од УКИМ на УГД дентална медицина. Немам многу информации за УГД стоматолошки факултет, ако може некоја да ми даде мислење за професори, учење итн. Исто дали префрлањето мора да е во тек на уписите или кога било пред почеток на учебна година во октомври.
На конкурсот за упис 2022/2023 на угд има информации и за процедурата околу префрлање на студенти од друг универзитет, погледни си.
Dobra vecer!Me interesira kade obicno se odvivaat predavanjata,konkretno na opsta medicina i kolku se plakja mesecno vo nekoj od privatnite studentski domovi?
Предавањата се насекаде, претежно во центарот и кампус 2 кој е во н. Пребек а студентски дом беше околу 6000 месечно, но таму нема спиење
да ве прашам нешто малце по итно Дали во оваа септемвриска двојна сесија ќе можеме да пријавиме предмет во прва декада и доколку не положиме, ќе можеме да го пријавиме и во втора декада? Затоа што пишува "Напомена: Двете сесии се независни една од друга"
Дали оваа година предавањата ќе бидат онлајн? Бидејќи читав дека ќе биде хибридно и дека испитите, колоквиумите и вежбите ќе се со физичко присуство.