Дечки како оди со запишување празен семестар? Има некоја посебна постапка или? Сега од 7ми немам ништо за полагање, чекам 8ми семестар за уште 2 предмети.
Универзитетски предмет секогаш се полага на компјутер во форма на квиз или? За основи на туризмот од проф Јоваклиев ме интересира. Знам информатика и англиски полагавме пред компјутер.
Ако си 4та година веќе си апсовент и ако не ги ичистеш испитите до упис на семестар упишуваш апсолвентски семестар.
Јас сум од друг универзитет префрлена тука со многу малку останати предмети до дипломирање. Немам ништо заостанато за полагање, напротив. Сега ќе сум 7ми семестар ама бидејќи од другиот факултет предметиве од овој семестар ми се признаени како положени овој семестар ми е празен и прашањето ми е за тоа дали има некпоја друга постапка или обврска при упис на семестар?
Јас се префрлив сега на биологија на УГД, може да ми предложиш некој од Универзитетските изборни предмети што да изберам?
Кој е полесен предмет? Калкулации во угостителството (Зоран Темелков) или Менаџмент на човечки ресурси (Мимоза Серафимова). Како се полагаат?
Јас до сега сум имала 2 само од тие, заштита на животната средина и музика и уметност. Двата се лесни
Ќе молам некој да ми одговори,дали некој има полагано Заштита на животната средина и како се одвива испитот и што има?
Ве молам доколу некој има прашања или некои други материјали по музика и уметност и заштита на животната средина да ми прати ☺️
Здраво Ве молам знам дека не е тука темата, но пишете ми искуства со студентските домови во Штип, секое мислење ќе ми биде од корист
Дали има некој материјал по следниве изборни предмети (општа медицина): -Здравствен менаџмент -Развојна психопатологија -Современи дијагностички методи во медицината Го замолувам да ми прати во разговор, благодарам однапред.
Здраво женски. Одбиени сме на прв уписен рок за општа медицина, сега на втор уписен дентална медицина ни е втор избор. Ама имаме проблем во пополнувањето на пријавата на страната за вториот рок, ни излегува само да аплицираме за втор циклус студии бидејќи веќе наводно веќе постоел профил со тој матичен број. Помош некој, како да се оправиме?
Мислам дека најават на страната и податоците треба да стојат само треба истата постапка како за први рок да се уплатат 300 и 50 ден и да се преземи пријавата и да се одберат нови избори.