Чекајте малце за нас на бизнис логистика во скопје имаше распоред ставен на факултетот, само немаше групи и утре се има само еден час колку што видов основи на логистика група 3 и сеа треба сите да се појавиме најверојатно пошо никој не знае коа група е.
Да,има распоред и од утре почнува да важи тој. Jас прашав денес една професорка и ми кажа дека мораме да ги следиме предавањата од утре веќе,и демек утре ќе сме се запознавале,професори она ова бла бла. А за групите ќе ги дознаеме тек наредната недела. Од што многу работеле нели,па немале време да ги направат до сеа Така да,утре исто како денес ќе биде веројатно кој како стигне во 1ва или 2ра предавална да се бутне
Како бе групи од следната недела аиии ништо тогаш ќе си идеме на било кое предавање.Девојки дајте некои импресии од денеска , мене многу неорганизирани ми изгледаат некако.
Не да се неорганизирани... Немам коментар,денес хаос беше ко муви без глави бевме сите. И иначе да луѓе одете утре,и јас прво дознав како вас дека неделава немало наводно да има предавање. Ама некако сомнително ми беше тоа и нејасно затоа и прашавме една професорка со другарка да ни каже што точно од утре натаму. И ми го кажа тоа погоре што го пишав,така да мој совет е да одите утре. Јас ќе одам. А за групите,немам коментар! Ќе се шлаеме низ ходници ко кретени фино лепо цела недела.(Ако воопшто е точно тоа што го кажа професоркана денес..)
^божеее,ова мириса на хаос. А по распоред за БиЛ има предавања утре само 3та група!!!! Леле леле ако треба да станам безпотребно.
Убаво што има за трета група само,ако некој знае дека е трета група нека иде И утре кај ќе идете луѓе чим стигнете на факс? Многу ме интересира,зошто ја планирам да си играм влези излези И уште нешто. Групите ги распоредувале по азбучен ред по имиња. Така било минатата година,незнам колку ќе биде оваа. (Ова зборам за ФТБЛ- Скопје )
Ќе идам и јас утре ама другаркава ме остава сама ,не и се иде и вика ја сигурно не сум 3 група и ке се снаоѓам сама изгледа.
Епа од 8 почнува предавањето у 8 таму ќе бидеме , само се надевам нема да дадат список и да речат ај потпишете се ако не вие ќе бидете трета група зашто по распоред ова предавање е за 3 група.
Добро луѓе каде го гледате тој распоред кога на страната на угд пишува дека распоредот е во изработка?
Devojki ke moze nekoj da mi pomogne, jas sum Farmacija no na denesnoto sveceno otvaranje nisto ne spomnaa za toa koga vo kolku kade, a i na ugd bas ne pisuva nekoj informacii :/
Пишува на сајтот дека студентите на ФМН се од наредниот понеделник, распоредот во текот на оваа недела ќе го објават. А, погоре и јас пишав дека сме од 24, ама кој да прочита. Се едно исто се врте на темата.
И пишуваше дека сте од утре од осум? Хмм, зошто па тогаш само ние сме од наредниот понеделник? И економски мислам дека се тогаш. Чудно, чудно.
^еве го распоредот за бизнис и логистика: Понеделник, 8-10ч. култура на изразување и комуникација Предавална 1 10-13ч. Основи на логистика група 1 = П1 гр.2=П1 гр.1=П2 Вторник, 8-11 Основи на логистика гр.3=П3 Среда, 8-11ч. Економика на претпријатијата гр.3=П1 12-14ч. Претприемништво П2 14-16ч. Просторно планирање П2 Четврток / Петок, 8-10ч. Информатика гр.1=П1 10-12ч. Инфо. гр.2=П1 12-14ч. Инфо. гр.3=П7 14-16ч. Трговско Право П1