Здраво, дали на Правен Факултет при УГД кога се избира изборен предмет (јазик) за прва година тоа значи дека ќе се предава дел од правото на англиски јазик или ќе се предава англиска книжевност?
Здраво, дали знаете од колку до колку сатот можам да ги добијам на телефон од студентска служба на медицински факултет - Штип?
Здраво, дали знаете кој ги предава изборните предмети за правен факултет по англиски и македонски јазик?
Дали на некој му се случило да пропушти рок на пријавување испити и дали е можно од студентска служба да ми пријават?
Здраво на сите, оваа година јас и моја другарка де запишавме на медицински за лаборант и за медицинска сестра? Па ме интересира за книгите каде би можеле да ги најдеме или доколку некоја од вас ги има нека ми пише. Фалаа ❤️
Фотокопирница Клонинг, пиши им, ќе ти пратат кои книги следуваат во комплетот. Совет- почекај да почнат предавањата, некои професори сами праќаат материјали за учење.
Здраво, годинава ми е шеста година на медицински факултет на УГД. Имам оставено 8 предмети од претходни години, па ме интересира дали ако полагам некој испит во јунска сесија 2025, ќе можам да го фатам првиот рок за дипломирање или ќе мора да чекам до септември?
Дали има некој втор циклус да ми каже дали имаат редовни предавања? Планирам за информатички да се запишам
За жал не добив детален одговор, ми кажаа само дека треба да се поднесе барање до студентски прашања, но на е-индекс каде што стои поднеси барање нема опција за поништување оценка, и така си остана бидејќи вртев во студентски прашања ама не креваат, ниту пак враќаат на мејл
Здраво. Моментално сум 3та година на факултет за психологија редовен студент на друг универзитет. Ме интересира дали можам паралелно да запишам вонредно медицински лаборант на УГД? Дали знае некој нешто во врска со ова?
Можиш паралелно да се запишиш на истиот универзитет, или на друг. Само мораш вонредно да си. Тоа ти е паралелно студирање и можеш да го прочиташ во правилниците за студирање на универзитетите