Од студентски ми рекоа да поднесам барање за студиска програма. Зоштооо? А инаку не можам да запишам непарен семестар, ми вика дека не сум избрала задолжителен изборен предмет. Секоја година истото. И еве сега платив и можно ли е да не одобрат бидејки неколку пати презапишувам?
Некој што е бруцош годинава да не знае кога треба да се достават слики за индекс и потврда за лично осигурување? На страната пишува од 5 најдоцна до 31 октомври, но на другарка и стаса емаил дека треба пред првиот академски час, а мене ми нема стасано ништо.
Исто и мене ми стигна mail и јас ги однесов денес. Мислам дека им се потребни за индекс или така нешто?
Мислам дека се за индекс. Дали би можело да ги однесам во вторникот пред академскиот час или ќе мора деновиве пред него?
Здраво дали некој е запознаен со новото оценување на Угд за комисискиот испит кога полагаш се оценувале од 0 до 100 поени а не како порано со 10,20 или 30 поени и дали предиспитните активности имаат влијание? Поздрав
Зошто ми појавува вака? Не постои активен рок за упис на семестар! А рокот е до утре?? Дали некој знае да ми каже, благодарам.