Најверојатно повеќето факултети се од утре. Оти во соопштението на УГД пишуваше само за медицинскиот факултет.
Е како да идам на факултет ко незнам ни во кој кампус би можело да ми биде предавањето, ни пак во колку саат. Ке идам и ке дремам пред факултет? Е стварно се ужас значи ... вие што сте во скопје бар имате распоред ...
А бе само ние сме од наредниот понеделник. Еве и за Архитектура го имало распоредот, најверојатно од утре ќе почнат.
Го има распоредот за сите факултети, освен за Медицинскиот. Што значи дека само ние од наредниот понеделник почнуваме. http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/e-raspored
Да не знаете каде се гледа како се поделени групите. Или можеби сеуште не се? Никој не знае ништо за ова .
^поделени официјано не се, ни кажаа додека не излезе официјалниот список, да сметаме дека некаде М/Н е половина (според име). А третата група се тие од Гевгелија.
Живи срамови сум...се мислам кој е вториот изборен предмет што го пишав.Значи и на запишувањето се двоумев за вториот и пишав еден ама кој Дали знаете како можам да дознаам кој е вториот предмет? На студентски прашања мислите ќе може да ми кажат?
Да,тие би требало да знаат да ти кажат,ако водат воопшто евиденција за студенти,или пак ке си почекаш индексот да си го земеш и да видиш А да не има нов распоред?Нешто ново?
Во индексот нема да може да се види, зошто не запишуваат предмети , туку само се става печат. Студентот сам си пополнува во индекс , освен ако нешто не е променето. На студентски ќе добиеш точна информација, или пак доколку имате ливчиња со предмети кои сте ги запишале, па да ти ги дадат со индексот. И Сноу , малку по сериозна биди, што е ова од тебе
Можеш да видиш на електронскиот индекс, ама бидејќи си бруцош, ќе почекаш да ти го дадат индексот и лозинката. Ќе ви отворат службен меил, е-учење, е-индекс. На е-индекс ти ги пишува сите податоци, лични, насока, семестар, предмети, оцени, буквално се
Бев во студентски и ми рекоа дека морам да чекам индексите да стигнат Ама па седнав и размислував толку многу што ме заболе главата....ама се сетив.Еее сега кога ќе стигнат индексите ќе видиме дали убаво сум се сетила.