Здраво дечки , запишав магистерски маркетинг менаџмент но треба да полагам диференцијален испит затоа што факултетот ми е сосема друг. Има ли некој што магистрирал на струката да ме насочи за некои работи?
Дали во 6та година општа медицина може да бираш каде би одел на пракса/стаж, ск или штип и дали има ограничена бројка колку треба ск а колку штип?
До сега бираа каде сакаат, ќе видиме наредната година дали ќе биде исто. Нема ограничен број на студенти.
Дали знае некој како се полага колквиумот по предметот хистологија и ембриологија 2? Дали има некој прашања како пример?
Здраво, дали некој ги има колоквиумите или знае што би имало за прв колоквиум за Факултетот Информатика, КН?
Здраво на сите дали можеби некој ги има колоквиумите или знае што би имало за прв колоквиум на било кој од предметите за Факултетот Информатика КИТ смерот.
Здравп, дали може некој да ми пише порака што студира медицински факултет и е од погорните години? Фала однапред
Сакам да прашам за искуства на медицински факултет во УГД бидејќи имам слушнато дека наставата им ја одржуваат онлајн и повеќето луѓе викаат дека не било баш убаво за студирање на медицина во Штип и ме интересираат повеќе искуства
А па дека на Уким кисниш во амфитеатри еден квалитет што има наставата.... Вака барем на Угд не се влечкаш на ладно и жешко да слушаш, од дома ќе си следиш
Да, точно дека сме онлине, сите вежби се со физичко присуство и се задолжителни. Не може да ти текне не одам денес на вежби, нема да ти дадат бодови и автоматски што помалу бодови тоа полошо. А за убаво или не убаво тоа не знам. Не сум чула на некој да му е убаво да студира и да учи по секој ден како ненормален. За УГД можеш да чуеш сешто и велат дека е многу лесно,а не е. Баш имав една колешка што се запиша на медицина На УГД оти било многу лесно, сега е отпишана. Треба сериозно учење затоа што нема да поминеш, ќе те бутаат додека не се отпишеш. Има и многу професори што за инат ќе те бутнат на испит или оти денес е врнежливо па не им е погодено и затоа сите студенти ќе ги бутнат. Има свашта, но сепак изборот е твој.
Здраво некој ако сака и ако може да ми испрати прашања по анестезиологија за прв колоквиум доколку ги има, смер ВЗШ-медицински сестри. Проф. кажа дека ќе бидат сите на заокружување. Ви благодарам!
Mene lichno bolje mi e online . Ucham koga sakam i si go planiram vremeto podobro . Nema nishto plus da nauchish ako si so fizichko prisustvo samo ke se maltretirash realno ...
Предавањата се онлајн,а и дел од вежбите кои што по правило треба да се со присуство и тоа е огромен пропуст затоа што онлајн наставата не е ефективна ниту продуктивна. Кажувам што се покажало од досегашно искуство. Инаку не дека не е изводливо,туку едноставно повеќе им одговара и на професори и на студенти,нема замарање. Се излежаваш по дома и ''слушаш'' предавања и вежби. До пред короната онлајн беше непознат поим,па ете сите постигнале и завршиле факултет. Инаку,се на се студиите се океј и не е воопшто лесно или полесно од УКИМ и сл. Сите си имаат принципи и критериуми и се бара знаење за да се положи.