Dali nekoj ima polagano Lekoviti rastenija-zemjodelski fakultet da mi kaze sto potocno bara profesorkata i kako isprasuva?
Здеаво девојки. сакав да ве прашам, ВЗШ сум и имам Физиологија кај професорот Мире но, сега треба да полагам комисиски мислам кај Ели Ханџиска а последен испит ми е, дали имате некои искуства со полагање кај нејзе, дали е строга и што бара?
Зошто од студентски прашања не вракаат на маил, да не се на одмор? Не можам да го заверам семестар а се ми е уплатено....
Види во делот фин.трансакции, лево во е индекс дали ти е на тие шифри? Дали ги плати и пријави проектните задачи?
Од лично искуство пошто имам полагано комисиски кај него, не е полесно. Дури и полошо е тогаш… Ели е срцка инаку.
Платено и пријавено проектни задачи. А и платено 200денари за заверка, и се ми се појавува дека немам доволно средства за партиципација по семестар, глупости се ми е платено.
Ми треба ваше мислење. Дипломската ми е готова од ноември, а менторот се треба да го молам за да ми ја прегледа. Дали да се пожалам кај деканот? Прашувам кога можам да пријавам одбрана ништо не пишува, ниту пак како ментор се ангажира.
Дали имаш пријавено тема преку е-индекс? Прво тема се пријавува, па се поднесува барање за проверка на студентското досие, а дури потоа се формира комисија за одбрана. Затоа, трпеливо. Пиши му повторно маил на професорот и љубезно потсети го за дипломската. Не мора одма преку Декан да се реагира. Биди во контакт со студентски прашања.
Имам се е завршено и досието е комплетирано само треба да ја провере менторот и да пријавам одбрана. Ја провери еднаш корегирав што требаше и не враќе, пишувам маил џабе.