Во 8 Септември можеш интерна и хирургија а во Чаир гинекологија но колку што знам не примаат стажанти така да ГАК. Педијатрија само на клиника мислам. Семејна во примарно здравство те матичен лекар.
По еден предмет немам поени, и пишав на професорката рече дека може системот застанал затоа не се појавиле и да и пишам во понеделник да провери. Но, заверката е до петок. Знам дека ќе мора да си купам потпис за да го заверам, но дали таа ќе може во понеделник да ми ги стави поените?
А кога треба да се започне за да се полага за лиценца во декември? Има ли ограничување на кој оддел по колку денови?
Врска немам, ако завршиш во мај па и јуни можеби ќе го фатиш терминот за декември. Да, мислам 3 беа по 30 а 2 по 45 дена.
Од факултет ќе ти дадат уверение за дипломирање и со тоа ќе одиш во комора, од таму ќе ти дадат стажантска книшка. Ќе одиш на турниси севкупно 6 месеци и на крај ќе ја дадеш во ЛК со останати документи за да полагаш за лиценца.
Колку примероци од дипломски труд се прават иначе и каде треба да ги правам? Се секаваш ли како беше во твое време
Како мислиш каде да го правиш? Дома пред компјутер. Не се сеќавам точно, пред едно 5-6 години дипломирав... Мислам по 4, 3 за комисијата и едно за тебе. Уживај не се стресирај, чим си дошла на крај самиот пат ќе те води низ лавиринтот.