wild.wild што смер си ти? Ние акушерките сме поделени на 2 групи, ама во ист ден и исто време имаме предавања. Сега за сега имаме предавања во понеделник, четврток и петок. Сигурно ќе го сменат.
Кај мене уште нема измени во распоредот, а кажаа дека 100% ќе се менува, си прашавме професорка. Засега четврток ми е слободен ден и ич не ми се допаѓа ако остане така. Барем да беше понеделник или петок. Има шанси да сменат, нели ? НЕЛИ ? Ај тешете ме малце, ужас сум.
Ќе се смене Мишела, нема да е конечен овој, гарант. Мене ме занима едно. Сега имам наредната недела 3 предмети за слушање Основи на хумана генетика, Анатомија и Комуникациски вештини. Значи ли тоа дека само овие предмети ќе ги слушам во првиот семестар? Можеби е глупаво прашањето, ама не ми е јасно. Ај ако може некој од постарите да објасни малку.
Старбакс, како што и самата кажа, најверојатно распоредот не е конечен и се' уште ќе претрпува промени. Со самото тоа, можеби не се дадени термините за предавањата по останатите предмети. Според мене, не верувам дека во еден семестар ќе ги слушате само овие три. Повеќе и најсигурни информации по ова прашање ќе добиете кога ќе ви ги дадат Информаторите каде убаво и детално се наведени сите предмети за секој и еден семестар од дадената студиска програма.
Бог да чува. Каква врска има просторно планирање со бизнис логистика? Кој ќе ви предава Претприемништво? Проф.Елизабета? Нас култура на изразување и комуникации ни беше во трет семестар . ако не ви предава Проф.Елизабета комуникации, штета.
Тие ќе ви направат се што треба, а после ќе ви ги кажат корисничкото име и лозинката. Тие ти се исти и за е-пошта и за е-учење и за е-индекс. А ќе си ги отвараш од страната на УГД, ги има најдолу.
sanjaeva, незнам јас не сум на претприемништво. Инаку просторно ни предава продеканот Никола А Информатика наместо 2 семестар,сега ни е во прв И култура на изразување и комуникации,е сега ама како изборен
фармација сум јас.. ние сме поделени во 6 групи, и сите групи сме во ист ден и исто време на предавање. во вторник, четврток и петок..
Луѓе за предавања групите не важат, без разлика на кој факултет сте. Групите се само за на вежби, од проста причина што не може професорот едно исто предавање да го држи на секоја група посебно. Вежбите се веќе друга работа, мора да има групи. Она што теоретски ќе го научиш на предавања мораш практично да го увежбаш на вежби, колку толку. Не може да се држат вежби со 150 души. Затоа се делат на групи од по 40-50 студенти, а некаде и помалку, на пример на медицински некои одат во групи од по 8-10 студенти. А друго е педагошки или правен или економски, овде повеќе е теорија и може со 50-60 студенти да се држат вежбите.
^Ако не важат групите за предавања туку само за вежби зошто тогаш еве пример петок распоредот е следен: информатика од 8 до 10 прва група за предавања зборам информатика од 10 до 12 втор информатика и од 12 до 14 трета а распоредот за вежбите тек ќе ни го дадат.
Леле луѓе гледам сеа нов распоред на страната и тое не само за 1, 2 и 3 група туку ставила 1а , 1б , 2а ... што е сеа ова.
Комуникации и нас ни беше изборен. Не го разбирам концептот и потребата да се учи просторно планирање.
дај линк а тоа 1а 1б - е кога една група се дели, пример 1 група информатика наместо сите да слушаат 2 саати, првата грба се дели ан 1а и 1б , 1а слуша предавања првиот саат 2б вториот саат. Истото важи и за 2а 2б
http://www.ugd.edu.mk/images/Raspored/neparen/FTBL/ Може овие постариве да кажат нешто за професорите , гледам сања ја спомна митрева мене ми е таа и тој нејзиниот чуден асистент какви се и овој што предава основи на логистика незз како се вика.
чуден асистент, ме изнасмеа. кој е тој? Проф. Митрева е пред се многу спремна професорка. Има најубави предавања и е многу принципиелна. Секогаш на време ги поставува предавањата, дава и прашања за колоквиум и испит, прва објавува резултати. Бара, ама и дава. Секој ден е на факултет, отворена за соработка... со еден збор жената е пример за професор. Работете ги вежбите и семинарската! кои се други професори?
Асистентот и е некој Оливер така го викнаа и чудно изгледа човекот стварно хахаха, трговско е Војо Беловски , основи на логистика Драшко Атанасоски и овој информатика Владан Андоновиќ ако не те мрзи некој збор да овие.
Оливер и Дејан (некаде понапред опишан како - оној ќелавиот ) се први асистенти на факултетот. За Дејан незнам многу, освен дека кога он чува на колоквиуми е онака порелакс, а Оливер знае да дели бизнис и плежр, сакам да кажам другар е кога треба, авторитет кога треба. Коректен, на моменти строг ( не дека он испрашува...него кога го чува “редот“), професорите го почитуваат и мислам дека сите активности на факултетот одат преку него. Да имате добар однос со Оливер ќе ви значи многу. Војо....никад чула за него. Драшко.... имавме кај него изборен, јас не го одбрав, така да поима немам. И Владан .... еден и единствен. Човекот неможе да го видите изнервиран. 10-че И уште нешто, Владан и Оливер за две недели ќе ве знаат по име и презиме. Ова излезе демек сите се добри, ама за фини луѓе прашавте. До душа има уште фини, а има и помалку фини, ама не и лоши Еве и за Марија - економика Истово што некогаш сум пишала за Марија важи и за Неда - комерцијална логистика, управување со ризик... (другарки се, а и имаат исти критериуми). Не гглумете лудило кај нив. Никако. И ... знам дека првите клупи се бројани, ама фаќајте место таму. Битен момент е кога на колоквиум ќе имате нешто нејасно да ви го знаат фацичето.
Зошто? Да не ти треба некоја информација, било што? Имам бивши сокласници таму. Ако треба нешто пиши, па ќе ги прашам.