Универзитет Гоце Делчев - Штип

Дискусија во 'Образование' започната од velesanka, 21 септември 2010.

  1. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    не е морално. индексите ги даваат после месец и кусур.
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    ^ За морално не знам.
    Ама задолжително не е.
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Луге ми треба мислење.

    Значи не бев во можност да го заверам семестарот кога завршивме со годината поради здраствени причини
    бев во болница заради слабата крв |(
    ме интересира дали ке ми прават проблеми доколку го уплатам заверувањето на семестар деновиве знам дека ке биде со казна ама ке ме интересира дали може |(
     
  4. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Драги феминки :) Гледам никој не пишува на оваа тема па си велам ајде јас да напишам нешто :P
    Како си го поминавте првиот ден на факултет? Јас искрено не се воудушевив :D имав две предавања од кое на едното не дојде професорот :D Инаку сега сум прва година и сум на бизнис-логистика во гвг, има некој од овде што е на ист факултет како мене? Видов дека имаме исти професори, па се надевам дека ке си помагаме ;) позз
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    А што факултет си ако не е тајна и кој ти е лектор? :)
     
  6. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Епа напишав на бизнис логистика сум, инаку ме интересира колкав просек треба да имаш за стипендија :)
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Секаде е различно,кај мене на Англиски мора да имаш 9 просек за да добиеш стипендија :)
     
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Добро,мене ме интересира нешто и воопшто не ми е јасно :fubar: ми се пожали колешка од мене година постара за запишување на 5етти семестар.
    Условот за 5тти семестар е да имаш освоено 90 кредити :o кога го видов нејзиниот индекс и ги собрав кредитите нема ни пола од 90 кредити се на се.А предметите носат по 8 по 6 и по 5 кредити.Е од кај да ги собере тие факинг 90 кредити кога ги нема?
     
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    сите положени испити во една година носат 60 години.. значи за да има 90 кредити и треба да исчисти цела прва година и пола втора
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    За сите феминки што се на бизнис логистика великодушно сум настроена да им пратам материјали...и да се фатите за учење :)
     
    На Ecka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    За сите феминки што се на бизнис логистика великодушно сум настроена да им пратам материјали...и да се фатите за учење

    Фала однапред ;) а ти која година си ? Исто така сметајте и на моја помош :)
     
    На Mia0612, bekutan и Summerlover им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Втора година сум,. Ако имате било какви прашања..прашувајте :)

    И...ако има некоја девојка од втора година од БЛ од Гевгелија нека пише. Размена на информации ќе ни биде од корист:)
     
  13. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Драки феминки :) зедов семинарска работа по предметот логистички менаџмент а темата ми е ХОРИЗОНТАЛНИ И ВЕРТИКАЛНИ КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА ако некој има некој материјал нека ми прати, или ако некој знае што точно треба да пишувам нека ми помогне. Однапред ви благодарам
     
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Во скриптата имаш шеми како идат овие продажби.Ке пишуваш за секој чекор, субјект...за да можеш да стигнеш до 15-тина страни :)
    многу е важно кој проф. ви предава. Тој што ни предаваше на нас, единствено му беше важно да имаме семинарска (4 во група) и сите што предадоа имаа по 10 бода
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нешто ме интересира..

    На страната на факсот има две соопштенија за Октомвриската дополнителна сесија...

    За пријавувањето на испити.

    Едната е дека е од 23 до 28 Септември
    а другото соопштение од 26 до 30 Септември.Е на кое да верувам :|
     
  16. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    има ли за логопеди на медицинскиот во Штип и тие што се општа мед. во Штип како е, тешко ли е, бараат ли многу професорите..малце повеке да се објасне ?
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.479
    На velesanka и Summerlover им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Супер, слободно праќај материјали, време е за учење... ;)
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.479
    " ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ОДОБРИ ПРОЕКТОТ НА УГД

    На Kонкурсот на Европската комисија за проекти од програмата Жан Моне кој заврши на 15 февруари 2011 година беа поднесени вкупно 617 проекти од универзитетите во целиот свет.

    Од пријавените проекти, Европската комисија одобри за финансирање само 160 проекти (26%), од коишто само еден проект е од Република Македонија. Тоа е проектот за наставниот модул „Политиката на проширување на Европската унија“ на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

    Жан Моне наставниот модул „Политиката на проширување на Европската унија“ ќе го реализира Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во траење од три години, под раководство на доц. д-р Љупчо Сотироски, продекан на Правниот факултет.

    Идејата за проектот доаѓа од политичката ориентација на земјата кон членството во ЕУ и евроатлантските аспирации, кои бараат спроведување на процес на политички, економски, социјални и културни промени во земјава.
    Имајќи го предвид фактот дека од напредокот на Република Македонија, како земја-кандидат за членство во ЕУ, зависи успешното и квалитетно спроведување на реформите и исполнувањето на критериумите за пристапување, важно е да се апострофира значењето на едукацијата на студентите, како идна генерација на граѓани која ќе ги промовира европските вредности и стандарди.
    Причината за подготовка на проектот е насочена кон подигање на свеста на студентите за политиките релевантни за проширувањето на ЕУ, преку континуирани предавања.

    Целта на проектот е да се прошири знаењето на студентите за општите и конкретните прашања релевантни за проширувањето на ЕУ.
    Со предавањата ќе бидат опфатени студентите од различни полиња на студии (природни, технички, биотехнички, медицински, општествени и хуманистички науки) кои во своето образование и наставни програми не ги изучуваат политиките за интеграција на ЕУ.
    Освен студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, овие предавања се наменети и за студентите од другите високообразовани институции од Република Македонија и пошироката јавност.


    Жан Моне наставниот модул „Политиката на проширување на ЕУ“ се состои од шест нови курсеви, како што се: Историјата на Европската унија и процесот на нејзино проширување, Вовед во правото на ЕУ, Политиките на Европската унија, Демократијата и човековите права на ЕУ, Перспективите на ЕУ по Лисабон и Проектното управување со ЕУ фондовите.
    Вкупниот број од 250 часа во текот на период од три години ќе бидат одржани од четворица предавачи.

    „Преку предавања и активни дебати со студентите, тркалезни маси, семинари, работилници, брошури и веб-страница за проектот ќе бидат дисеминирани релевантни информации за стандардите за интеграција во ЕУ во различни сфери“, велат од Правниот факултет.

    Позитивните ефекти од реализацијата на проектот се во зголемениот интерес и позитивното мислење на студентите и граѓанското општество за процесот на интеграција на Република Македонија во европското семејство и во градењето на човечки ресурси за примена на правото на ЕУ.

    Жан Моне програмата на Европската комисија има за цел да ги стимулира наставата и истражувањето во областа на студиите за европската интеграција на ниво на високообразовните институции во и надвор од Европската заедница."

    Извор - http://www.fakulteti.mk/news/11-10-13/e ... a_ugd.aspx
     
  20. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Феминки кој професор ви предава по економика на претпријатие? Мене ми е проф. Марија Ацковска и досега имаме земено само 1 и 2 предавање. Ме интересира дали професорката ви дава некои скратени предавања, или треба да си учиме од учебникот? Затоа што на претходната година давала скратени предавања. А и дали некој знае кој е клучот на е-учење по истиот предмет, бидејки сакам да си ги симнам предавањата. :) позз