мене сега не ми е јсно по кој распоред да се водам...дали по тој новиот од средата или овој вчера од интернет....иако овој вчера на нет што го објавија ми е чуден-фалат предмети
девојки дефинититвно нешто не штима со распоредов, јас ќе си се водам по тој во средата што го објавија...зошто погледнете и самите http://www.femina.mk/out/?id=a2f95de1f7 ... %2FFTBL%2F фалат предметите просторно планирање, и комуникација...а воедно и секаде ми пишува гевгели.Овој ќе да е за тие од гевгелија а не за нас во Ск.
Сноу, на мојот сѐ си е во ред, можеби ти се ориентираш според погрешен распоред, провери си убаво. А на студентски прашања ми кажаа дека треба да се водиме по последниот распоред што ќе го постават на сајтот. Дали фалат предмети или не, ќе се среди и регулира тоа подоцна. Уште ќе се менуваат распоредите, можеби и овие нема да бидат конечни. Ќе се знае од октомври.
Дечки не прелистав поназад дали има некој пишано нешто околу ова но ме интересира доколку има некој на Правен факултет во Штип да ми каже нешто околу искуствата со професорите. Тоа прво прашање и второ Дали знае некој дали може да се префрлам во втора година на Правен во Скопје и нешто околу таа постапка Ви благодарам однапред
^ И јас тоа се прашувам... Јас би одела по стариот додека не ни кажат официјално дека е ваков И сеа фактички немаме ниеден слободен ден а? Супер
да да, ми се покажа распоредот, баш пред некоја минута го отворив.Само едно ме буни тоа 1а 1б...нели тоа важи само за вежбите.
Поентата е што никој незнае во која група точно спаѓа,а не па 1а,1б... Од кога ќе одите на факс утре? Јас планирам од 10 како што е по стариот распоред.. Ако дојдам порано и џабе дојдам ќе си отидам дома жими се
Beauchamp, и по нов и по стар сме од 10 саат А јас како и да свртиш сум прва група и 1а, а и ти си...зошто по име се групите. 1 е од А до Н 1а е од А до кај Е 2б е од Ж до Н
Ау да,сеа видов дури А што значи ова? Спојлер Основи на логистика Скопје - Предавална 1, 179 места Доц. д-р Драшко Атанасоски ФТБЛ - Скопје, Логистика, група 1Б, I сем. - стд. ФТБЛ - Скопје, Логистика, група 1А, I сем. - стд. Група 1а,и 1б дека во предавална 1 ќе бидат заедно или ? Не им го сфаќам ова баш.
Во Кампус 2, тоа е горе кај педагошката. Ние денес на првото предавање еден куп бевме, забни техничари, лаборанти, акушерки, мед. сестри, оптометристи и физиотерапевти. Не не собра сите во предавалната, ние стоевме. Дојде еден асистент, Мишко мислам дека се вика. Ни кажа дека можно е оваа недела да немаме предавања додека не се среде распоредот и не не поделат, оти нема шанси со толку многу да се држе настава. Кажа како ќе добиеме оценка, кога се полага колоквиум, дека ќе имаме испитна сесија и нешто општо за предметот. Се’ на се 10 мин не’ задржа. Во четврток и петок сме во Кампус 2.