Незнам колку знаете, па ај да пишам. Новиот распоред содржи вежби,но со вежбите ќе се стартува од понеделник,за оваа недела не важат.
и оваа недела општо новиот распоред нема да важи од другата недела ќе биде тоа ^^ Успатно да ве прашам за групите да не знаете нешто? рекле дека денес после 2ипол ќе ги имало ама нема ништо уште или барем јас неможам да најдам на страната.. Х)
Кажаа дека денеска ќе биде направен конечен список за групи , и не верувам дека на страната ќе ги стават ќе си чекаме да го залепат до распоредот
За вас не знам дали вака ќе биде, оти вие сте сами, само фармацевтите. Сигурна сум дека уште утре или пак вториот ден ќе започнете со предавања.
Глупости изнаправија со распоредов, на нет еден распоред ваму друг. Иначе да и јас денес прашаф на студентски ми рекоа дека од понеделник важи новиот распоред.
ГО ЗНАЕ ЛИ НЕКОИ РАСПОРЕДОТ НА ИСПИТИ У ОКТОМВРИСКА СЕСИЈА ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН??? БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД...
Дали некој знае за БЛ Скопје,распоред и групите како се поделени по претприемништво? Од сите што прашав различно кажуваат
Сноу,а до кога важи тој новиот распоред од денес знаеш? Пишуваше негде? И што ќе се прави со тој од интернет,од наредната недела ќе го користиме тој или ?
Нема некои големи измени. И ги нема вежбите на него. Бев кај асистентот Оливер, и он ми рече дека во понеделник ќе стигнат и групите и распоредот.А распоредот моментално бил кај продеканот Никола-на проверка. И денес бидејќи по новиот распоред ни се поклопуваа 2 предмета, просторно не пушти порано за да одиме на другото предавање.
Дечки новиот распоред важи од понеделник, така? Оти гледам ни ставиле плус 2 предмети, едниот за во понеделник, другиот за денес. Некои викат ќе одиле денеска. Нас денеска не ни дојде професорката, за џабе одиме. Почекаме ја пола саат и си отидеме.
Јас сепак бев денеска од 6 и имавме предавање. Се изненадив, прво предавање ни беше до сега. Имаше малку околу 100-110 во предавалната, не беа ни половината. Ние сме многу, околу 200-250, 6 смера сме заедно. Имавме Хистологија со ембриологија, ама професорката беше за никаде. Само за неа и за првата клупа пред неа си збореше. Ние тука ништо не ја слушавме, барем да го повишеше гласот малку, јас ништо не разбрав, во 5ти ред седев. А, имаше и музика од пастрамајлијадата, се слушаше многу, па и зборуваа. Катастрофа.