Денеска мислев ќе се задушам на предавањата. Снемав воздух. Заедно сме над 200 души на предавањата. Над 50 од нив обавезно стојат, оти нема кај да седат. Денес една се онесвести, падна на земјата. Нека не’ поделат веќе еднаш, вака нема никакви услови за следење на наставата.
Префрлувањето иде вака некако, треба да извадиш потврда за редовен студент (или вонреден) од факлутетот на кој што студираш (значи никако да се испишеш, само потврда) и со таа потврда идеш во факултетот кај што сакаш да се префрлиш, поднесуваш барање, тоа кошта околу 1500 ден (не сум баш сигурна, ама тука некаде) и твоето барање ке биде разгледано во рок од 7 дена. Доколу го одобрат барањето, се испишуваш од стариот факултет и се запишуваш на новиот. Доколу имаш испити што сакаш да ти бидат признаени, поднесуваш барање за уверение на признаени испити на стариот факултет (500 ден) и молба за признавање на новиот. Во кратки црти така иде процедурата, пак препрашај си на студенски прашања Да ве прашам, како треба да се запишам на курс, на е-учење Self enrolment (Студент) Enrolment key Што треба да напишам? Ништо не ми прифака, ми покажува Incorrect enrolment key
Кога бев да извадам потврда од ЈСП, таа жената ми рече дека поради проблемот со индексите, може и овој месец даја завериме старата слободна. Така да јазаверив старата слободна.А нова ќе извадам следниот месец.
Кај Enrolment key треба да ја напишеш лозинката што обично ја даваат асистентите по тој предмет, најчесто на првите вежби ја кажуваат.
Книгата се вика Општа ембриологија на човекот од Невена Костовска и Лилјана Миленкова. Ја има во фотокопирницата долу во трговскиот, 90 ден. захевтана, а 120 со спирали и корица.
дали некој знае како треба да се логира на е-учење пробав со пас - матичен број ама не ми се отвара ...
Пред мaтичниот број Ugd Утре ќе имаме ли анатомија? Денес прашав на студенски прашања, таа вели не знаела, да си го прашаме професорот. Не ни знаеме кој ни е професор.
Денес полудев... вчера нели еден распоред ставија на интернет. И по него видов дека наместо од 2 од 3 имам предавања. Влегувам во предавална и една колешка ми кажува како имало нов распоред на огласната табла (ѕид), и дека асс.Оливер им кажал тој на таблата да го гледаат. Гледам на распоредот од 12 имало предавања и си реков веќе од интернет не гледам распоред.
Кај Enrolment key треба да ја напишеш лозинката што обично ја даваат асистентите по тој предмет, најчесто на првите вежби ја кажуваат.[/quote] Аууу, па јас сум вонреден студент, значи треба да се мкнам до Штип да барам асистенти Туку, да ве прашам.Активиравте е-пошта? Зошто мене кога ја манувам лозинката ми покажува дека мојата лозинка не ги исполнува критериумите за лозинки на факултетот. Кои се тие критериуми?
Ми треба потврда дека сум редовен студент. Каде да прашам за неа, на студентски прашања? И требало да се уплати 150 денари, ама на која сметка? Не ми кажаа ништо околу тоа, а и се брзав па не допрашав.
цел на дознака за потврда назив и седиште на примачот ДУ ‘‘Гоце Делчев‘‘ Штип Банка на примачот Н.Б.Р.М Трансакциска сметка 100000000063095 Износ 100,00 Смека на корисник 1600160330 788 18 Приходна цифра и програма 723019 44