Некои, од сестрите, имале Хистологија. Значи и утре ќе имаме. Асистенто по Генетика кажа дека ако денеска имале вежби и утре ќе имало. Ние денес немавме по Комуникациски вештини. А утре имаме генетика, нема да одеме оти Бошнаковски кажа дека нема да имаме оваа недела, а на Хистологија ќе одеме.
RandomOne имаш ли ги купено другите книги што ни требаат? Јас не знам од што треба да учеме. Психологија знам ни кажа дека ќе прикаче материјал на е-учење. За останатите предмети појма немам.
Ме интересира дали има некој запишан на вонредни студии-економски факултет и обично кога се термините за полагање испити за вонредните студенти? А и да, колку чини година за вонреден студент? Дали имате некоја страна кај што ги објавуваат резултатите од положени испити?
кога се термините за полагање испити за вонредните студенти? во редовните сесии, значи не можеш да полагаш ако твојата генерација не го ислушала предметот колку чини година за вонреден студент? ако е исто на цел универзитет, вонредни студии чинат 400 еур Дали имате некоја страна кај што ги објавуваат резултатите од положени испити? резултатите ги објавуваат на е-учење, а и во електронски индекс
Ти благодарам за информациите. Но, за полагањето ме интересираше, кое време, во колку саат обично полагаат вонредните студенти, зашто нели на работа одат некои па дали можеби полагањето е навечер за нив? Изигравам нешто детектив
Зависи кога како, јунска сесија обично ги ставаат порано, од сабајле, бидејќи е многу топло. Октомвриска се обично после 12, бидејќи има предавања. Ама секогаш е различно. По правило вонредните треба да полагаат заедно со редовните студенти, ама можеш да се договориш со професорот да полагаш малку подоцна.
Мислам дека место за договор нема. Термините се едни и за редовни и за вонредни. Знаеш, нема шанси да се договараш со професор кога се полага писмено, еден тест, еден термин. За жал вонредните мора да си трошат слободни денови за полагање испит ... мада, според законот за секое полагање на испит се добива слободен ден, кога испитот се полага по прв пат. Мене од работа никогаш не ми направиле проблем,ама има и такви фирми каде тоа не важи.
Луѓе не можам да се логирам на ова е-учење,ми вика не валиден пасворд.Му се деси на некој вакво нешто или ја стварно сум малер?
Си го менувала пасвордот или? Ако не си го менувала, мора да те логира - провери да не си згрешила некоја бројка од матичниот број. Значи, пасвордот е Угд************* (бројките од матичниот).