Сè е на латиница, затоа можеби и не си можела да се логираш, ако си внесувала податоци со македонска поддршка.
Збор-два за професорот Живановиќ по математика ? Какви колоквиуми се паѓаат, што најчесто дава на испит, дали треба да се оди на консултации и слични работи ...
Ги даваа ли индексите? Обичните индекси? Ако не, дали знаете кога ке ги даваат? И ако има некој од факултет за природни и технички науки, да ми одговори дали знае кога ке бидат ставени предавањата по информатика на е-учење. И случајно ако има некој конкретно од архитектура и дизајн (или можеби накој ако знае) да ми ја каже страницата (на фб, или не знам каде) конкретно за тој смер, каде што ги објавуваат вежбите по другите предмети.
Успеав се уклучив на е-учење ама сеа ми вика курсот не е во фукнција да не треба на она е-учење 2 да идам?
Факултетот за медицински науки е најкатастрофа. За 2 недели имаме колоквиум, а по 2 предмети не сме имале предавања воопшто, а ниту сме им ги виделе очите на професорите. Тоа е катастрофа луѓе, јас сум ептен разочарана и од факултет и од се’. Професорката по Хистологија и ембриологија најсериозно си ја сфати работата. Ниту еднаш не е отсуствувала, а ем има проблеми со ногата, уште не и била заздравена, ја скршила, а доаѓа на работа. Ни кажа и од кои книги да учеме, што да учеме, а некои други само предават, не ни кажуват од што да учеме, а не ни прикачуваат материјал на е-учење. Ова не е тоа што го очекував, се фалат дека се втори по ред во државата, а системот на предавање, распоредот им се катастрофа, барем овде на Медицински.
Неможам и неможам да го отворам студентскиот маил... Дајте некој нека ја пише по чекори постапката, да видам јас да не грешам некаде
А да си пратиш ти еден меил до ит службата,м? eindex.ugd.edu.mk беше, ако не се лажам. Или прашај на студентски.
Ништо, утре ќе одам на студентски прашања и ќе прашам. Отворав нели на тоа линкот што ми го пишавте ама неќе. outlook.com
И јас не можам да отворам е-пошта. При помена на лозинка ми вика Вашата лозинка не ги задоволува критериумите за лозинки при УГД. Кои се па тие критериуми? Аман. И некоја да не знае кој е клучот на курсот по Медицинска психологија?
Исто е и на ФПТН, смерот нема да го кажам, ќе останам таинствена. Поразочарана - амин! Вежби физика сме имале само еднаш и решивме одвај 3 задачи. На колоквиум којзнае колку ќе имам и знам дека одвај една ќе решам и со таа еднa добивам само шестка, а мајке ми - не сакам. Со тоа знаење што го имам од средно, жално ќе биде да добијам 6. Исто, материјали по едниот изборен требаше да имаме уште пред две недели ... Уште си чекаме и се прашувам до кога. Можат да бидат втори, ма и први во државата по неорганизираност. Хаос на нивоу. Догодина нема очи да ми видат на факултетот, ќе се отпишам како два и два што прават четири. Ќе ти се сневиди и образование и бутур.
Ајде, ајде девојки, не се разочарувајте така брзо.. Знам како ви е, и јас го поминав истото лани.. И јас сум премногу разочарана од УГД, не е тоа што мислев дека еден универзитет треба да е.. Многумина ми велеа дека измислувам, дека не е се така црно како што прикажувам јас, и да, слободно можам да кажам дека во право беа.. Не е се така црно, уште побетер е.. Само се надевам дека ситуацијата ќе се подобри и ќе отрпнете на оваа мака..Студентска мака.. Во повеќе наврати и јас посакував да се префрлам на УКИМ ама бидејќи го нема мојот смер, ќе издржам тука.. Искрено ви посакувам се најлесно во понатамошното студирање, без нервози и стресови и ако треба помош за било што, тука сум.. Ако ништо друго, барем во маката сме си заедно...
Го дознав клучот, колегата ми го кажа. Леле дамла ме фати кога отворив. Јас на македонски не разбирам, а не па на српски. Страшно. Туку, анатомија кога ќе почнеме. Уште малку имаме колоквиум, а уште не сме почнале со предавања. Вчера немавме така? Ние не отидовме, една колешка ни кажа нема да сме имале.