Читам на трошковникот за пост диломци и имам нешто нејасно. Може некој да ми пише пп (од пост дипломците), да го прашам нешто во врска со трошоците?
За испратница: Горе лево ке го напишеш името на тв продавница: Пример Дисконт Тинекс- Скопје (можеш и логото на тинекс да го ставиш) од спторивната страна горе десно го пишуваш датумот ПОтоа пишуваш ИСПРАТНИЦА До продавница Тедико се испратени следните стоки ке си направиш табела со 7 колони и во нив ке напишеш реден бр, опис на производот, количина, основна цена, ддв, цена со ддв, вк. износ И ке ги пополниш само опис на производот и количина. најдолу издал- лево и примил -десно Ова како го објаснив ....... СЕ надевам ќе ме разбереш
Е не знам. На некои факултети колоквиумите почнуват од 29ти. Можеби и кај нас од тогаш. Страв ме фаќа, поготово анатомија. Не е фер ова што ни го прават.
Еве ти сликовито, меморандум ти е лист на кој пишуваш лого, податоци на фирмата , тоа е нешто како наслов или заглавие (хедер и футер, или само едното од нив), и на таков лист пишуваш секакви дописи, понуди кои ги испраќа фирмата од нејзино име. Тоа си е терк кој ти стои на ПЦ и само си го копираш кога треба да пишуваш. Испратница се пополнува на денот на испораката на одреден материјал некаде, и му се дава еден примерок на примачот кој пред тоа ќе се потпише дека наведениот материјал во испратницата го примил. Фактура се изработува откако ќе биде предаден материјалот, и таа служи за наплаќање на услугата, според тоа како се договориле странките.
На 9ти ќе ни биде колоквиумот по Ембриологија, преска една колешка кажа. Нашите колоквиуми ќе бидат една недела покасно, значи од 5ти ноември па натаму таа недела. edit
Има ли некаков официјален распоред од кога започнуваат колоквиумските ? Мојата е од 5ти, ама мене језа ме фаќа и сакам да си проверам.
Можно е, иако не е дозволено да има повеќе од еден колоквиум/испит во еден ден. Ама можете да се обратите кај еден од професорите/асистентите и да му кажете да најде друг термин.
Има на е-учење објавено распоред Јас колку што видов на распоредот нема такво нешто. п.с. мене многу ми се погоди распоредот за полагање... сега со господ напред и со книга во рака
^ Има курс соопштенија на секој факултет. На тој курс објавуваат било какви измени, дати за ко локвиуми/испити, известувања. Провери си, на сите факултети мислам дека веќе се истакнати датите.
Кај сите факултети е различно, еве на економски пример колоквиумската недела е секогаш понапред од пример информатика. Различно е. Проверувај си овие денови, ќе објават.