Мишела гледај деновиве да си уплатиш за семинарски, оти парите обично доцнат додека стасаат на електорнскиот индекс. И откако ќе ги уплатиш ке се проверуваш на електорнскиот индекс и кога ќе ти стасаат парите ќе си пријавиш семинарски. Уплатницата за семинарските нема потреба да ја носиш на студентски прашања. Битно е да ти биде се тоа завршено со пријавувањето на семинарските до кај 21.. оти од тогаш почнува заверувањето на семестар. Зафркнато е тоа што мора да ти бидат пријавени семинарските за да завериш/запишеш семестар. Исто е и за испитите. Ќе си уплатиш и ќе си чекаш пари на електронскиот индекс. Кога ќе стасаат и ќе биде овозможено од страната ќе си ги пријавиш. И за испитите не треба да ги носиш уплатниците на студентски. Е сега за секој испит ти треба таксена марка. Таксените марки можеш да си ги уплатиш за сите испити на една уплатница. И ТАА МОРАШ ДА ЈА ОДНЕСЕШ НА СТУДЕНТСКИ ! и со уплатницата за таксени марки ќе ти дадат на факултет да потполниш едно овластување со кои им дозволуваш вработените на студентски да ти ги внесат парите, бидејќи тие не се внесуваат сами ( како што е случај со семинарски и испити) Испити ќе можеш да пријавиш кога на сметката на електронскиот индекс имаш пари и од пријави и од таксени марки. Можеш да си уплатиш и повеќе од потребните таксени марки или испити за наредни сесии, парите ти стојат. За другите уплатници, заверка, упис, партиципација, мора да се однесат на студентски Се надевам сеа ти е јасно
Еее ова ти се вика лудило. Знам дека по еден предмет ќе требам на поправен. Ама во Е-Индекс нема резултати...незнам колку ми фалат. - психичко растеретување ми е потребно.
Овде пишува за испитите, http://ugd.edu.mk/index.php/mk/eugd/soopstenija/486-2013, а за заверка на семестар мислам дека беше 300 денари.
Заверка на семестар е 200 денари, освен ако не е сменето сега со новите програми за новите студенти од оваа година. За испит ако си редовен студент плаќаш 20 денари, плус 50 денари административна такса. Значи за еден испит му доаѓа 70 денари, меѓутоа за испитите плаќаш на посебна уплатница, за административните такси на посебна. Пример, имаш 5 испити во семестарот, тогаш ќе уплатиш 250 денари за административна такса на една уплатница и 100 денари за испити на друга уплатница. Исто и семинарските можеш да ги платиш на една уплатница. Другите административни такси мора да ги плаќаш на посебни уплатници. На една не ги прифаќаат сите
Ееее пресреќна сум излегоа резултатите по предметот и испадна дека не треба да одам на поправен...епа сега ај со лесно нека им е на сите, и да се спремаме за испити
Ајде помош од постарите колешки кои се на економски, кој е полесен од изборните: осигурување или макроекономија
Осигурување е интересен предмет, да, ама ако го предава деканот, тогаш бегај најискрено ти кажувам ептен се замислува човекот бе, од колоквиум не ги дава сите поени, бара реферати да му пишуваш. Сега му истекнало дека завршниот ќе се полага усно. Макроекономија мене ми предаваше Круме Николоски, ако не се лажам, ама уствари целата работа му беше препуштена на Дарко и беше ок. Сепак ти најдобро си знаеш кој предмет ќе го избереш, размисли убаво
Еден совет ако може од постарите колешки што се на бл во скопје организациско однесување или статистички методи?
Имам и јас слушнато дека деканот не е баш, мислам дека на крај ке одберам макроекономија кочовски го предавал барем ќе си имам преку една недела
Мене Кочовски микро ми предаваше и супер е човекот. Ако имате предавања преку една недела, тогаш ќе ве држи по 4 часа, ќе имате блок часови. Една недела тука, една недела во Струмица оди. Инаку, ти која година си? Ти нема предавано деканот до сега?
Прва година сум, ми нема предавано деканот, а овој семестар ми предаваше Кочовски микроекономија и имавме преку една недела, малце е досаден човекот ама..
Е да, дека е малку досаден, досаден е а Основи на финансии немавте? Обично тој предмет деканот го предаваше. Гледам дека има измени. Мене осигурување ми е задолжителен предмет, вас ви е изборен. Исто и макро ми беше задолжителен.
и сега уствари ние вондредните по 320 само за испит треба да плаќаме + 50 ден административна такса...според новиов ценовник
уплатниците за административна такса нели треба да се носат на студентски? Јас мислам дека треба, нели за секој испит има по една административна такса
За колку дена од прилика ќе ми стигнат парите за да можам да пријавам семинарски? Уште не сум уплатила а од понеделник била заверката на семестар...
Уплати преку Комерцијална банка најбргу стасувале парите така имам слушнато. А јас преку поштата уплакам обично за 3 дена стасуваат парите на се-индекс.