Ако “ви лежи“ математиката лесно ќе ви биде и статистички методи т.е. статистика. Задачите се лесни, а колоквиумите со бодови може да се извадат и само со решавање на задачите. Професорот е ок. Организациско ... професорката (ако е Елизабета) е супер. Многу ќе научите од нејзе на самите предавања и нема да зажалите што сте го одбрале предметот. Ние го полагаме во 5-ти семестар (програма 2010/2011). Друга предност е што проф.Елизабета ќе ви предава и други предмети ( комуникации, мал и среден бизнис/претприемнштво, маркетинг, производствен менаџмент) така да добро е да ве знае, а и вие да ја запознаете што и како бара и кој и е принципот на работа, па ќе ви биде полесно на потешките и задолжителни предмети, понатака. Така да :up:
Девојки ќе ми објасни некоја како оди презапишување на предмет на медицински? До кога најкасно може, што на уплатницата да пишам, кои цифри требаат? Ај ве молам, итно ми ее..
Јас студирам на Бизнис логистика втора година во Скопје. Ако има некоја моја колешка на форумот би сакала да прашам за изборните предмети за 4ти семестар. Кои од предметите да ги изберам: 1. Производствен менаџмент, 2. Меѓународен транспорт и шпедиција или 3. Цариска тарифа?? Ако знае некој кои професори предаваат,што е полесно, по кој предмет колку материјал има и слично поздрав
На семестралниот лист кои предмети требе да ги пишеме ? Значи сега од кај да знам јас кои предмети ќе ги учиме ? Ги пишуваа некаде ?
Ако го имаш прирачникот за студенти од него види ги предметите, ако не побарај на страната на твојот факултет студиска програма.
Здраво колеги, За сите студенти на филолошкиот факултет на Англиски јазик и книжевност во Штип, ке ве молам да ми одговорите на неколку прашања. Ова особено се однесува ако постои некој/а колешка/колега, кои се префрлиле од катедата Англиски јазик и книжевност при Блаже Конески-Скопје во Штип. Ме интересира какви се професорите, предметите, и условните предмети и испитите во вашиот факултет? Подолго време сакам да избегам од мојот факултет бидејќи за мене положувањето на некои предмети полека станува урбана легенда, имаме само три испитни сесии, нема колоквиуми и јас искрено сум разочарана од пристапот на предавање и оценување. Тоа што навистина би ми било од корист е да најдам некој што како мене сакал да се префрли и успеал, нека ми пише барем дали има аир од префрлување и учење во Штип. Ако нема јбг главата во книга исто како во зид и туркај напред
Гледам во ланскиот конкурс за втор циклус студии на економски, има: МБА менаџмент Финансиско известување и ревизија Економија на Европска унија Здравствен менаџмент Финансии и банкарство Дали овде има некоја на постдипломски? Според вас, која е најдобра од овие програми?
Не ми е јасно сеуште . Сега за завршен имаме две сесии за испит ? И која сакаме таа ја одбираме ? Ај некој кој знае да ми објасни поубаво
Аjde nekoj od poiskusnite koleski, moze li malo objasnuvanje okolu prijavuvanjeto na ispiti i polaganjeto, sto e fintata so dvata roka i rali e tocno deka koj den sakas togas mozes da polagas.
Сноу секој предмет има 2 термина за полагање и ти си одбираш кој термин ти одговара и во тогаш и го пријавуваш испитот. Битно е и да ти бидат пријавени во соодветната испитна декада. Кога ќе пријавуваш на електронскиот индекс треба и тоа да внимаваш и за секој предмет посебно да ја менуваш доколку е потребно. Нема никаква финта само прават до јули да сме на факѕлтет, друго ништо....