Семестарот според студискиот календар почнува од 2 Март. и така седите на нет прочешлајте ја страната на факултетот сите потрбни информации ќе ги најдете таму.
леле знам дека звучам глупаво,ама како се регистрираше на е учење,како требаше корисничкото име,името и број на индекс?а пасворд матичниот број?никако не ми излегува,хепл
Ај некој нека ми објасни за завршните испити? Ништо не ми е јасно Може да се распоредат предметите за полагање и во првиот и во вториот така ? А ако може така како да пријавам јас на е-индекс кога мора да одбериш првиот или вториот рок ?
За PinkGirl123 и за сите оние на кои не им е јасно пријавувањето на испити во два рока Еве кај треба да изберете, значи овде бирате прв или втор рок и потоа долу кај што пишува пријави пред предметот. Треба да внимавате за секој испит прво да го изберете рокот, па потоа да одите на пријави.
Може ли некој да ми каже кога да одам да земам тоа бројче од студентски(бизнис логистика-скопје) ? Во петок кога бев не ме пуштија да влезам бидејки немам бројче ,а не ни даваа тој ден И сега незнам кое време се оди за да се земе?
dobro toa go svatih a moze li sega vo 1 da polagam 2 predmata a drugite 3 predmeta da gi ostavam za 2 rok ?
Можеш. Тие два предмети пријави ги во прв рок, а другите три во втор рок. Само внимавај горе за рокот.
Mоже ли да се смени веќе пријавен испит? Поточно, ако сум го пријавила во прва сесија, да го препријавам за во втора. Ми се совпаѓаат термините, не знам дали дотичниве професори ќе сакаат да соработуваат и да го сменат барем саатот. :geek: Патем - може ли, ви се случувало ли ете нешто од тој тип и да прашате да ви го поместат испитот за неколку саати покасно? Ме интересира само дали ви успеало.
Mishela пиши меил на eindex@ugd.edu.mk да ти го сменат рокот. Лани така можеше да се смени веќе пријавен испит од една во друга сесија. Пиши им дека ти се поклопуваат термините. Само побрзај, бидејќи кога веќе ќе почне сесијата нема шанси да ти го сменат.
Јас студирам во Штип на Филолошки, Англиски јазик - отсек ПИТ, 4та година. Имам 2-3 колешки кои лани се префрлија од Скопје, мислам дека од Книжевност. Кажуваа дека Лексикологија имале клет професор и никако не можеле да положат. Овде кај нас, повеќето професори се млади, што значи нема огромна разлика во годините меѓу нив и нас студентите. Имаат разбирање за се, нормално доколку ги почитуваш дадените рокови од нив за домашни, семинарски, потписи и сл. Излегуваат во пресрет на студентите колку што можат, и баш нормално се однесуваат. Мене лани за еден колоквиум ми беше ептен лошо, од кревет не можев да станам, и пишав мејл на професорката дека не можам да дојдам даполагам, без проблем ми даде друг датум. Е сега, за таа сметка пак, нема многу знаење да добиеш. Сите знаеме дека ептен лесно се минува на колоквиуми и испити. Не е како во Скопје. Полесно ќе ти биде сигурно, ама за знаење ако сама не се заангажираш, нема многу да ти даде факултетов.
По 20 денари за пријава за секој испит и по една административна такса од 50 денари за секој испит, исто. Ова е за редовни. Ти мислам си редовна, така?
^Да. Уххх а имате ли слика од тоа како да биде потполнета уплатницата. За да не одам до факултет само за тоа.
Има ли некоја на која Живановиќ ѝ предавал Математика 1, т.е. некоја која веќе поминала кај него на завршен испит? Ме интересира нешто, нека ме исконтактира преку ЛП.
Уплатив за испитите и сега во расположливи средства имам само 100 денари. Админастративната такса од 250 денари не ја пишува? Толку треба да бидат ?
Однеси на студентски Овластување за административна такса, обично го има на студентски или во книжара на факултетот ако има. Ќе ти ги внесат тие од студентски и ќе ги имаш
Ти благодарам многу за овие информации, свесна сум дека полесен факултет значи помалку квалитет, но спремна сум да ризикувам, плус мајка ми е веќе сувопарен дипломиран професор по англиски и германски во 90тите при Блаже Конески така да ако утре сум во некоја дилема имам каде да се обратам. Фала уште еднаш!
Многу се неорганизирани овие на студентски. Три пати бев до сега и никако бројче да земам,а денеска рано бев уште во 9 бев таму. А без бројче не ме примија. 600 ден до сега само за превоз дадов и ништо не завршив работа. Вие сите завршивте?Кое време одите за да земете бројче?