Феминки пак јас. Да не има некоја запишана на доквалификација или пак завршено на ова? МАтеријалот педагогија е на српски јазик и многу ми е тешко за учење од српски (иако го го разбирам неможам од српски да го учам).
Ти што студираш. Мене ме интересираше за педагогијата за доквалификација дали некој има материјали на македонски за делот од дидактика. Знам дека во овој предмет се соберени повеќе предмети како општа педагогија, училишна, дидактика и може и уште некој.
Феминки ме интересира кога ни се ипитите нас на Гоце ДЕлчев, знам дека се јануари ама отприлика која дата? Ако некој знае нека ми одговори
Феминкии дај кажете ако има некој што полагал вторите колоквиуми нека ни каже на Скопјее! Ние полагаме од 19 таа недела цела... Ви благодарам многу!
Сите полагаме од 19ти до 23, нема никој што ке полага предходно. Ајде ке си помогнеме некако мислам дека полагаме во различни денови,
Феминки ќе сака некоја што полагала управување со ризик да ми каже што прашања имало? Нека ми пише лп Однапред ви благодарам
девојки да ве прашам вака сега ако од колоквиум активност редовност не собереш 42 поена имаш ли шанса за испити не за завршен него во јули таму или директно го презапишуваш предметот и има ли шанса на пр.ако имаш 36 да ти дадат дополнителана задача?
не го презапишуваш туку го полагаш во втората декада. Има две декади сега во Јануари, во првата полагаат тие кои има 42 поени а во втората тие кои немат 42 . Прашањата се исти, разликата е тоа што во првата декада се заведува како завршен испит а во втората, цел испит.
Можеби прашањево се повторува но бидејќи сум прва година не знам како оди па сакав да прашм... Вака: доколку не собереш по некој предмет 35 поени автоматски си паднат или? еве јас по еден предмет имам 33 и не знам сега дали ќе добијам шанса за полагање повторно или како од.. Дај ве молам, објаснете ми зошто ко изгубена сум сега... Благодарам
Зависи на кој факултет си ама кај нас на правен ни кажаа еден асс.доколку имаш 35-36 ќе даде дополнителна активност но ако имаш 34 и надолу нее. Се зависи до проф.ама неверувам А инаку и мене ме интересира доколку немаш 35 за дополнителна или 42 за завршен што се случуваа дали имаш некаква шанса или го презапишуваш ??
Не, какво презапишување.. ке го одиш на испит. Јас не сум сигурна како оди тоа, со помалку поени ама од колеги на мој факс што имав слушано, имаше дополнителен колок. или такво нешто.
Јас мислам дека ако имаш од 35 поени нагоре а немаш доволно (значи 42) одиш на дополнителен колоквиум за да стигнеш до 42 поени а ако имаш помалку од 35 одиш директно на цел испит каде што имаш 3 прашања по 30 поени, т.е 90 вкупно и останатите 10 ти се од семинарската. Барем така е кај нас на бизнис-логистика ама верувам дека секаде е исто на гоце делчев