Ајде не се сеќирај, ќе го средиш и ова. Отиди утре порано и ќе завршиш А и кај вас работат со студенти само од 11 до 14 часот?
Сноу како те пуштија за завериш семестар без тие за испит и а.т. уплатниците? Јас коа бев ми рекоа колешке ќе си платиш за испити и а.т. ми ја земаа таа плавата уплатница ми дадоа розев лист и семестрален и си дојдов следниот ден комплетна.
^Незнам, јас бев сабајлето уште првиот ден 21.01. И си уплатив се освен за испитите. Огнен зема уплатниците ми ги даде листовите (белиот и розевиот) и толку, после ги предадов и ми стави печат во индекс и толку.
Име и презиме , 250 денари ќе се потпишеш на тоа и ќе ја захефтаат уплатницата од 250 денари на него и толку
^Добро е значи нема мн.работа. Само се надевам дека нема да задоцнат со електронското внесување, па да не успеам да пријавам утре испит.
Ке пријавиш Сноу сигурно,јас утре ке заверам семестар па ке ги пријавам електронски,можно е и да продолжат и за викенд со пријавување.
Јас уплатив, ми легнаа транскациите и привавив 4 испити, а имаме 5. 5тиот не го привавив бидејќи проф. ги немаше внесено поените во е-индекс. Пред два дена ги внесе, и одам јас да го пријавам и овој испит и ми вели дека немам доволно финансиски средства... а имам точно уплатено за испит и таксена марка. Што да правам?
а однесена ли ти е уплатница за административна такса? во секој случај оди и прашај на студентски или првин јави ги се,па види што ке ти кажат
Не не, мислам дека веднаш ги внесуваат. Јас уплатив сабајлето, заверив и кога си дојдов дома на е индекс ги имав само административните такси, средствата за испити ми легнаа дури утредента.
и јас завршив работа,и тоа сум чекала од 7 и15 до 12 дојдов на ред И можев одма да ги пријавам испитите кога дојдов дома. А рокот е продолжен до недела колку што знам јас (03.02.13)
Да прашам, сега на завршен ако не собереме доволно поени ни за 6ка го презапишуваме испитот или што иде понатаму? Еден предмет имам 42,5 нели колку за да можам да пријавам испит и сеа ми е страв ако не ги добијам оние 10поени за да имам барем 6ка ке го презапишувам наредната година ?