Феминки, да не знае некој дали во Скопје-Бизнис логистика даваат нешто стипендии , за тие што ќе постигнат добар успех итн итн...дали имате некоја информација и како иде тоа?
Ако од 3те прашања одговориш барем 1 точно би требало да те пушти. Но во случај да те бутне. Имаш право уште 3 пати да го полагаш. Ако после уште 3 пати го паднеш истиот предмет, тогаш го презапишуваш.
Предмет се презапишува само ако немаш доволно поени да пријавиш испит, односно ако немаш 42 поени. Ако имаш повеќе, тогаш си го полагаш. Како што кажа и Сноу, три пати во сесија, четвртиот пред комисија. Мене ме интересира дали и кај вас на завршен испит има граница. Пример, од 30 да мора да освоиш да речеме 10 поени, за да го положиш испитот, без разлика колку поени си имал претходно.
Да, еве јас имам предмети со 43,5/50/52/53/55 поени, тие што ми носат веќе 6ка, не ми важат ако од 30 на испит не одговорам барем 30% од прашањата и има право да ме бутне. Значи не ми се гаранција.
Колку е вистина ова и каде го пишува? Зарем не почнуваме од 2ри или 3ти март ? На 15ти месецов уште ќе бидат во тек испитните сесии, не би било практично (а и возможно) да се држат предавања.
^^ Јас само да ви кажам дека ви завидувам вас на УГД. На УКИМ, конкретно на Филолошки сум јас, до последен ден од старата година полагавме. Па после, од 8 Јануари до 31 Јануари ни беше испитната сесија и еве од денес си почнавме најнормално. Немаш време да учиш, а за слободен ден... не ни помислувај. Уживајте и искористете си го одморот најдобро што можете.
Тие испити после 15 ти се во втора декада, секако воведните предавања се само онака, а и таа недела вежби не се одржуваат па не би требало да ти биде проблем.
За сметка на тоа, имате барем некаква организација. Овде со право можам да речам дека владее безредие - не знаеш кога што се очекува. Од немајкаде ќе те сполета колоквиум, не дај Боже испит. Свашта. И редактирам, за да надополнам дека ретко кој професор си ја сфаќа сериозно улогата пред се'. А од каде информацијава, официјална е? Има линк некој да го прочитам ова на сајтот? Барав, никаде не можам да најдам некаква информација од тој тип.
Ех, да имаше бар некаква организација. Имам стоено по шест саати во место во таква гужа и затворен простор, што ееептен малку ми фалеше да се онесвестам. И ред други рабои, верувај ги има. А за испити/колоквиуми имаме само три сесии во годината. Во една сесија само по една шанса за еден предмет. Баш сакам да не знам кога ќе имам испит, море само термини нека има. Деновиве собираме потписи за бар една казнена. Е да, ќе биде и тоа некад. Ако не летово, следната зима.
A jaс разочарана од случувањата на факултетов, мислев на овој другиов за нијанса подобро и поодговорно е ... Това је това, ќе си се помириме со ситуацијата.
Ве молам ако може да ми каже некој како се полага испитот Култура на и изразување и комуникација во прва година усмено ,писмено,есејски или со зокружување
Кај нас лани информатика беше усно... но беше од страна на асистентот испитот и даваше оцена според бројот на поени од колоквиумите ако сакаш, ако не ти поставува прашања само многу од колегите кои не зедоа техничка оцена им поставил прашања што воопшто и не беа сврзани со материјалот што го имавме учено.
Информатика асистент? Од Скопје си или од некој друг град? Кај нас има колеги коа веќе имаат бодови за оцени ама има и такви што немаат им фалат по неколку бода , ни даде да напправиме прашања за испит и по тие ќе не прашува.