Девојки а кога треба да се уплати за испити и за втор семестар? Има разлика меѓу факултетите во Штипскиот универзитет или за сите е ист термин за плаќање?
и мене истото ме интересира кога треба да се уплати за испитите, ама мислам дека може да почнеме да уплаќаме, прочитав дека може на една уплатница да се уплатат сите 5 испити а не на посебни исто и а таксени марки. Ако некоја фемикна дознае нешто нека пише.
Дали има некој на англиски јазик и книжевност да ми помогне околу материјалот бидејќи сум вонреден студент. Благодарам однапред.
феминки видов на распоредот што излегол на угд пишува од 23-27 заверка на зимски семестар. Може некој да ми објасни што е тоа, бидејќи сум прва година и не ми се познати сите работи.
Заверка на зимски семестар значи да ти удрат печат на семестарот што си го слушала, и ќе може да ти ставаат оценки во индексот ,нели има февруарска сесија на испити .Сигурно мора да пишува колку пари е заверката,и што треба за неа. И ако до толку не ви е јасно,побарајте некој професор да ви објасни ,иначе тешко ќе се снајдете со целото уплаќање и заверки
девојки за најавување на е-индекс корисничкото име е име.бројнаиндекс@угд.еду.мк а која е лозинката???
Доколку си ја немаш променето лозинката на студентската адреса тогаш ти е матичниот број заедно со Ugd
не сум го менела.Се имам најавувано само 1 пат пред 2месеци а сега ми покажува грешка. Инаку ако се смени лозинката на е-поштата сменета е и на е-индексот или не?
И јас ги видов новите соопштенија на нет за пријавувањето испити и семианрски, и заверка на семестар. Сеа, ме интересира колку пари треба да уплатам на име Административна такса? Не се сеќавам лани и полани како беше, 3та година сум сега на Англиски. Имам 5 испити во февруари, и за нив ли треба таксени марки? Или само за заверката и запишувањето на семестрите?
Административна такса е таксена марка што беше на времето и си е 50 денари и сите треба да бидат на посебни уплатници
Да таксената марка е 50 денари ама мислам дека може на една уплатница да се уплатат сите 5 испити така имам прочитано на страната еве линк http://ftb.ugd.edu.mk/index.php?option= ... 17&lang=en Инаку емми 92 корисничко има е твоето име пр: Еми. ( мора да има точка и бр на индекс) а лозинка Угд и матичниот број
Не неможе да е на една упатница ова со сигурност ви го кажувам колку таксени марки ви требаат толку уплатници
ако не може зошто тогаш така пишува? па нели уплатниците не треба да се даваат во факултетот, треба електронски да ги пријавиме, Абе како ке ни земаат за секоја уплатница по 15 денари провизија
За административни таксени марки 50 денари по испит (на посебни уплатници) Види колку убаво ти пишува дека треба на посебни уплатници Прочитај убаво на линкот што го имаш ставено немој да се зафркнеш па да те враќаат
СОВРШЕНСТВО така беше порано. Сега на една уплатница си уплаќаш и веројатно веќе имаш дадено овластување на референтот од студентска служба за да ги внесе на твојата сметка. Во е-индекс можеш потоа да си провериш. +++ плаќање на административна такса преку СМС Плаќање на административна такса преку смс и процесирање во е-индекс Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со задоволство ги информира студентите од прв циклус на студии дека е овозможено плаќање на административна такса преку СМС за сите формулари и обрасци што се користат од страна на студентите во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, а во насока на реализација на одредени студентски активности (пријавување на испит, упис и заверка на семестар итн.). Комплетното упатство за плаќање на административна такса преку СМС е структурирано во состав на генералното Упатство за користење на Електронскиот индекс (верзија 3.0). Активностите кои студентите од студиските програми (генерации) 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012 година задолжително ги реализираат преку Електронскиот индекс (пријавување на испит и семинарска работа, како и сите други активности кои ќе се реализираат во иднина), а кои побаруваат и соодветна финансиска трансакција за административна такса, односно претходно креирање на финансиска трансакција за административна такса во системот за Студентска служба од страна на референтот на Студентската служба имаат можност за: 1. Физичко пополнување на образец за овластување на референт за внесување на административна такса во Е-индекс (преземи) и негово доставување на шалтер на Студентската служба со: i. Уплатница како доказ за уплатена сума за административна такса, или ii. Внесен конфирмациски код добиен од системот за електронска наплата Напсис во наменетото поле за истиот. 2. Електронско пополнување на образец за овластување на референт за внесување на административна такса во Е-индекс (преземи) со внесување на конфирмацискиот код добиен од системот за електронска наплата Напсис и проследување на истиот на електронската адреса на референтот на Студентската служба. Оваа активност студентот мора да ја реализира единствено со користење на својата студентска е-пошта. Во спротивен случај барањето нема да биде процесирано во Системот за студентска служба. Активностите кои сè уште се реализираат на шалтер на Студентската служба (заверка на семестар, упис на семестар итн.), без разлика на студиската програма (генерација) на студенти, имаат можност за: 3. Физичко пополнување на образец за овластување на референт за внесување на административна такса во Е-индекс (преземи) и негово доставување на шалтер на Студентска служба со: i. Уплатница како доказ за уплатена сума за административна такса, или ii. Внесен конфирмациски код добиен од системот за електронска наплата Напсис во наменетото поле за истиот.
Јас сум на втор циклус на студии и за тоа за ова не сум информирана, а предходно со сигурност беше така на посебни уплатници знам пошто мене ме враќаа во банка да ми ја сторнираат уплатницата
3. За административни таксени марки 50 денари по испит (може на една уплатница за повеќе таксени марки) СОВРШЕНСТВО еве како пишува точно сум напшала, а тоа ти што си го напишала е за вонредни студенти.
Сега прво што треба да се направи е да се уплатат по 100 ден од семинарска и одкако ќе ги видите расположливи тие средства ( во е индекс - финансиски трансакции), идете на СЕМИНАРСКА РАБОТА и ги пријавувате. Веројатно покасно професорот дава потврда дека имате поднесено семинарска. Јас имав, којзнае од каде +200 денари на фин.трансакции и на 30.12. пријавив две семинарски и сега гледам дека пишува - постои семинарска.
Ок те разбрав, пошто јас сум на втор циклус кај нас нема измени, а ова се однесува само на прв циклус на студии и за тоа не сум запознаена