ЗДРАВОО!! дали има некој тука што е од штип. И што учи руски и е прва година.Ако има некој нека пише што имаше на колоквиум. )
200ден. заверката 2*50 таксена марка по 100ден. семинарска.....тоа требаше. А после од понеделник ќе треба и уплаќање за испити. Сега е доцна, утре се ќе ти пишам.
Сноу за семинарските не треба административна такса барем до сега не сме плаќале. А и за заверка не треба.
За заверка треба, нам ни бараа. И за тој листот треба (овластувањето). Затоа се 2х50, убаво пишала Сноу. И за испитите треба - колку испити, толку АТ. Туку мене ме интерсира - пополнуваме овластување за заверка на семестар и треба да го испечатиме и да го однесеме на студентски прашања? Не ми е баш јасно.
Вака, јас сум четврта година во Штип, за заверка не треба, ниту за семинарски, ниту за овластувањето. Сега треба да платиме само за испитите. Вие можеби сте по нова програма, па ви требаат. Јас се извинувам доколу ја збркав работата
Не треба за заверка на семестар и семинарски административна такса да плаќате , само за испити и тоа овластување што се пополнува за 250 а.т. е за испитите не за заверката.
Не знам кај вас како е ама кај нас само треба за семинарките 100 денари , за заверка 200 , за испит 100 и за администаративна такса 250 тоа е се . И потоа земаме овастување заедно со административната такса и го носиме на рефернтката Изгледе сите имаме посебни процедури
Нема да е лошо да објавуват известуванје за се. за што слижи интернетот а не оние од 1 год касно дознале нез што па проблеми
Може ли административните такси за сите испити да се уплатат на една уплатница? Ќе ми стигнат ли средствата на е-индекс како уплатени и дали некоја ги пишала така заедно?
^не ме држи за збор ама мислам дека може, најдобро уште некој за сигурно нека пише Инаку имаат ли намера да го пуштат распоредот за полагање на предметите 1/2 јунска сесија.
Стигнаа парите од АТ, немам мака значи и за друг пат, меѓутоа сега ме интересира нешто друго. Средствата од уплаќањата легнаа, сега пријавив семинарски, а тоа полето заверка на семестар - треба да се кликне, така? Напоменувам дека процедурите со висењата пред студентски прашања ми се завршени, само немам печат во индексот (ми рекоа да го доставам кога ќе ги соберам сите потписи), електронски потписи имам и ми рекоа дека нема да имам проблеми. А да, по новата програма сум.
Семестарот треба да си го завериш електронски. На е индекс во документи имаш упатство како оди тоа. Туку јас да прашам, во Стопанска колку е провизијата? Качена е или уште е 15 денари? И до колку часот може да се уплати, до 14 ч. или 14 и 30 ч беше?
Тука ги имате сите приходни шифри и сите информации. http://www.ugd.edu.mk/pdf/cenovnik/Tarifnik_so_uslugi_i_prihodni_sifri.pdf
Се упатив и пак не ми дава да пријавам , ми вели немаш доволни средства па јас како што знам тоа е 200 за заверка , 100 за испит и 250 административна такса ! Да нема нешто друго ?