Знае ли некоја дали членството во библиотеката во факултетот важи само за една студиска година (секоја година се зачленуваш) или кога еднаш ке се зачлениш останува до крајот на студирањето.
Сакам да ми кажете каква е процедурата доколку не се појавиш на завршниот испит ? а ти бил пријавен за тогаш ?
Зависи од професорот. Може да се случи ако имаш доволно бодови од колоквиум да ти пише оцена која ја имаш до тогаш освоено, но повеќето професори не го прават тоа. Ќе си пријавиш во наредна сесија и дотогаш освоените бодови ти се важат. Ќе ти пишува сега во индекс - не се појавил.
Повеќе нема опција не се појавил, туку не положил, што значи дека ти се смета како да си се појавил. Еве линк: http://ugd.edu.mk/index.php/mk/eugd/soo ... 2-06-47-12
Ова тотално ме збунува Значи не појавувањето не е паѓање, можно е да не се појавиш на испит од Х причини. Незнам зошто само измислуваат глупости. Него како смислиле, така ќе биде. Друго ме буни. На крај треба да издадат потврда со положени испити. Еден предмет, една оценка. Ако 2 пати не се појавам на испит и третиот пат отидам и положам, ќе имам 3 оценки за еден испит? И уште нешто - ако си редовен и имаш, да речеме од предавање 10 бода од вежби 10 бода од семинарска 10 бода од 1 колоквиум 11 бода од 2 колоквиум 10 бода или вкупно 51, можеш слободно да си пријавиш и да не се појавиш. Консеквентно си добиваш 6-ка .... а од друга страна професориве ги слушам на завршен им викаат на студентите, не е важно колку бода имате до сега (пред завршен), ако не напишете 25% од тестот нема да положите. Нели, консеквентно ќе беше ?
Sanjaeva во уверението за положени испити (претпоставувам на тоа мислиш) ти ги пишува само оценките од 6 до 10. Нема врска дали си паднала еднаш или три пати, во уверението ќе ти стои оценката со која предметот ти е положен, пример 8 Без разлика дали имаш 51, помалку или повеќе поени на завршен мораш да се појавиш. Воведена е граница на завршниот испит, односно мораш да освоиш онолку поени колку што ќе определи професорот. Кај некои границата е 8, кај други 10 поени и сл. Ако не ги освоиш најмалку тие поени, во е индекс ти пишуваат 0 и автоматски не си положила. Техничка оценка сега веќе не дава ниту еден професор. И за постдипломските (мислам ти ме прашуваше) за редовни е 400 евра од семестар, за вонредни 500. Се извинувам што ти кажав дека е за цела година толку Инаку, излезен е конкурсот на УГД.
сега на еден предмет во јуни што го полагав не ми е положен и ми пишува неположил,ако го положам во август на истото тоа место ке ми се смени во положил така?
Во август или во септември можат да се полагаат тие предмети што не се положени во јунска сесија? и кога се врши запишување на наредна година?
Има два рока за уписи, септември некаде околу 15сти и околу 1ви октомври, за тие што не фатиле услов и полагаат предмети во септемвриска сесија.
CuteEva можеш да ги полагаш во наредна сесија а запишувањето е некаде средина на септември. Mermaid90 тоа ќе си стои во евиденцијата, поточно во е индекс во делот пријави/оцени. Ако го положиш вториот пат ќе ти стои уште еднаш, ама овој пат ќе ти ја пишува оценката. Пример: Математика Прва јунска сесија 5 не положил Математика Прва септемвриска сесија 9 положил
Има некој/а што е запишан на бизнис логистика во скопје.. Сакам таму да се запишам па ме интересира какви се професорите дали е тешко и дали е добра факултетот иначе средно економско завршив
Не сум запишана таму ама многу се распрашував за смерот бидејќи бев многу заинтересирана (сеуште сум ) ама малер како малер, до лани го имало и во Штип за годинава уште не се знае, можно е и да го нема. Како и да е бил многу добар и лесен факултет. Нема да згрешиш и јас да сум тоа ќе се запишам, ама само ако се деси чудо да го стават и во Штип.
Учам во КНИ во Битола и сакам да се префрлам на диспензираните по информатика во Кавадарци. Ги гледам предметите и ми се доста слични со моите во Битола, ама сакам ваши мислења околу професорите и наставата и најмногу што ме интересира доколку знаете какво звање се добива на крајот кога ке се заврши.
би замолил анекој што е од кавадарци да ми кажи кои факултети ги има во кавадарци и од кога се уписите точно дали знае?